Да речеме дека во одреден момент ќе се одлучиш да научиш да плетеш, па како што направи мајка ми, ќе отвориш YouTube и посветено ќе изгледаш 5-6 туторијали. 

И ќе научиш, нели, исто како што научи и она. Но освен ако не си писател со 8 издадени бест-селери позади себе, кој може целосно да се посвети на плетење додека не му дојде следната идеја за генијален роман, најверојатно нема да имаш време да усовршиш ништо повеќе од плетење едноставни шалови.

 

 

Со Kniterate не ни мораш да имаш време (а ниту пак 8 издадени бест-селери) за да сплетеш некое добро и оригинално парче. Станува збор за компактна и прилично поевтина верзија на машините за индустриско плетење, која автоматски ги претвора твоите дигитални дизајни во парчиња облека од волна, а функционира така што компјутерскиот софтвер кој доаѓа со машината ти нуди да издизајнираш свое парче или да започнеш со некој од нивните веќе постоечки темплејти кое подоцна машината набрзина ќе го исплете. Делува како совршеното парче опрема за мали бизниси и дизајн студија.

Да, тешко е да те натерам да мислиш на волна и џемпери кога времето повеќе одговара за апостолки отколку за шал, но за момент фрли поглед 3 месеци наназад или 8 нанапред (ова звучи како инструкции за некое чудно оро).

 

Comments

comments