Минатата среда присуствувавме на големото финале на колаборацијата помеѓу Кореа Ауто Трејд и магазинот Unique.

Се работи за истовременото гостување и презентација на новата Hyundai Kona и промоција на јубилејното 100-то издание на магазинот Unique, кое се одржа во автосалонот на Кореа Ауто Трејд во Скопје.

Урбаниот лик со јужнокорејски шмек, кој се одзива на името Hyundai Kona, беше презентиран и „расоблечен” со одличен танцов перформанс, додека на голем видео бим се прикажуваа најинтересните моменти од фотосесијата на Unique x Hyundai Kona. За музичкиот дел беше задолжен (кој друг ако не) Гоце САФ.

Hyundai Kona е комбинација на елегантни линии со стилски раб како и мускулести површини кои се преточуваат во карактеристично обложување на крилата со висок контраст, нагласувајќи го смелиот дизајн на SUV. Новата Kona овозможува беспрекорно поврзување кое би го очекувале од иновативната технологија која го прави животот полесен, како на пример Head-up екран.

Kona во својата палета на возила нуди изборот помеѓу два високоефикасни, турбобензински погони. Најпрво, е можеби најпопуларниот 1.6 T-GDI што произведува 177 КС и погон на 4 тркала, заедно со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка (DCT). DCT ја комбинира ефикасноста на горивото и забавното возење како со мануелен менувач, со удобноста на автоматскиот менувач. Постои и помал, но сепак моќен 1.0 T-GDI со 120 КС и можност за погон на две тркала. Функционира со 6-степен мануелен менувач оптимизиран за поголема ефикасност на горивото. Во 2018, нов 1.6 CRDi дизел-мотор ќе се приклучи на веќе постоечките.

Инаку целиот настан беше одлично организиран, од интересните и симпатични пијалоци направени од желе (имаше и малку алкохол во нив) па сè до врвниот кетеринг, одличната презентација на возилото, Instagram Booth и секако – одлично расположените гости.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments