Еве шанса симболично да го започнеме последниот месец од годинава со уметност, преку изложбата „Конекција 2“ (четврток, 1ви декември, 19:30 часот, Мала станица).

Ова е изложба на млади автори од цела Македонија, автори кои сè уште се релативно непознати. Секогаш сме во потрага по свежи и нови ликови во градов и баш сме загреени да се запознаеме со уметниците.

Изложбата вклучува дела од различни ликовни области – графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија – на автори кои живеат, работат или студираат во Софија. Групата автори ќе се претстават пред домашната публика со цел зацврстување и продлабочување на своите контакти со колегите и публиката во Скопје.

Придружете ни се на „Конекција 2“ каде ќе ги запознаеме делата на:

 

15227960_10154122114398595_1561756874_n

Горан Тричковски (Делчево)

 

15231717_10154122115223595_1174322247_o

Зоран Мише (Охрид)

 

15233580_10154122114453595_540572541_o

Маријана Иванова (Виница)

 

15233730_10154122115218595_443689887_o

Перица Георгиев (Скопје)

 

15271395_10154122114438595_469758190_o

Јана Луловска (Скопје)

 

15281800_10154122114393595_844238159_n

Јовица Миленов (Делчево)

 

15292672_10154122114473595_938427358_o

Иво Пецов (Виница)

 

15292674_10154122115228595_1990131357_o

Павел Целкоски (Охрид)

 

15302272_10154122115253595_1776413109_o

Слободан Милошески (Скопје)

 

15303855_10154122115423595_2102109205_o

Марјан Ѕин (Струмица)

 

 

Концептот „Конекција 2“ се појави со иницијативата на директорот на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров и наиде на позитивен прием од ликовните уметници кои се наоѓаа во Софија и изразија спремност да соработуваат со нашиот културен Центар. Беа претставени повеќе групни изложби во различен авторски состав во бугарските градови: Велико Трново, Благоевград, Русе, Пловдив, Стара Загора, Созопол, Харманли и во Софија.

 

Comments

comments