По пауза од две години, еден од најдобрите македонски композитори, Дуке Бојаџиев, ќе настапи пред македонската публика со два последователни концерти во Скопје, на 11 и 12 мај, во новиот објект на Македонската филхармонија.

Во рамките на целовечерниот концерт со наслов „Сон Верба Љубов“, Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво.

Дуке (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари. Покрај него, специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, понатаму, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, на кларинет Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова како виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

Билетите се во продажба од 16.04.2018 на билетарницата во Македонската филхармонија и на mktickets.

 

Comments

comments