Hello my love!
Oscar Simonsson, пет години по распаѓањето на шведското дуо Koop, се враќа на сцената. Овојпат во новиот состав, KOOP Oscar Orchestra (KOO).
Бендот брои седум членови, а вокал е литванската пејачка Jazzu. Комбинирајќи различни звуци, Simonsson експериментира со мелодии и чувства. Со стари необјавени песни за KOOP како и со неговите најнови дела, Simonsson успешно се пробива на сцената.
Ова прекрасно и интимно доживување македонската публика ќе има можност да го види денес, четврток во 21:00, во Младинскиот Културен Центар.
Картите се распродадени во рекордно време, а ние воопшто не сме изненадени заради тоа. Нека ечи во прилог „Strange Love”, песна од минатото на Simonsson и неговиот бенд KOOP.