„Копање” (Digging) е нов македонски долгометражен игран филм снимен во независна продукција на MI Film.

„Копање” e работен по истоимениот текст на Кристијан Винклер, кој беше поставен во Македонскиот Народен Театар во април 2017 година. Благодарение на сите филмски професионалци вклучени во овој проект, филмот е снимен во само шест снимачки денови во јули 2017 година.

Режисери на филмот се Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, а во него играат Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ и Александар Ѓоргиески. Како кинематографери се јавуваат Димо Попов и Генц Халими.

Датумот за премиера ќе биде објавен наскоро.

 

Comments

comments