Македонскиот краткометражен филм „Црни и Криви“ во режија на Марко Џамбазоски, музичар-режисер кој беше дел од Reborn Ликови Еп. 10, својата африканска премиера ќе ја има на Slum Film Festival, кој ќе се одржува од 27 до 31 август во Најроби, Кенија.

Претходно, филмот ја имаше својата светската премиера на реномираниот филмски фестивал во Пула, а од филмската екипа најавуваат дека наскоро и македонската публика ќе има можност да го погледне.

„Црни и Криви“ е филм за двајца не многу паметни пријатели кои еден ден остануваат без пари и пиво, па решаваат да ограбат продавница употребувајќи играчки пиштоли и детски маски. Сепак на крај нивното потпросечно ниво на интелигенција ќе ги доведе до многу пречки и непредвидливи ситуации.

 

 

За африканската премиера на филмот, Марко Џамбазоски изјавува: „Огромна чест ми е што втората проекција на мојот филм ќе се одржи надвор од овој континент и нестрплив сум да ги видам реакциите на една таква публика која има различна култура од нашата. Желбата на сите инволвирани во „Црни и Криви„ е филмот да биде дел од што е можно поголем број на интернационални и интерконтинентални филмски фестивали, но сепак, највозбуден сум за премиерното прикажување пред македонската публика кое што наскоро треба да се случи.“

„Црни и Криви“ е македонска комедија во режија, сценарио и монтажа на Марко Џамбазоски, директор на фотографија е Марко Димитриевски, извршен продуцент Бошко Мангаровски, а актерската екипа ја сочинуваат Тони Денковски, Горан Ников, Чедомир Митевски, Мирјана Трпковска, Ердоан Максут, Томе Станковски, Ангела Стојановска, Андреа Голуб и Димче Спасовски.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности, а поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.

 

Comments

comments