Овој четврток (14.12.2017) со почеток во 19 часот, во Музеј на современа уметност, се отвора второто издание на КРИК – Меѓународен фестивал за критичка култура.

Фестивалот има за цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација. Второто издание на фестивалот КРИК, кое се одржува оваа година е на тема: „Постојано во транзиција – заробеност во скршените огледала”.

Пред официјалното отворање, во среда (13 декември, од 11- 17 часот) и четврток (14 декември, од 10 – 17 часот), ќе се одржат семинарска подготовка на колаборативниот перформанс „За настанувањето“ предводена од Дмитри Виленски, Олга Егорова, Оксана Тимофеева и Нина Гастева (колектив Что делат, Русија) и Семинар за пишување критика „Светот околу нас – критичките ставови во регионот“.

По свеченото отворање на кое ќе се обрати Роберт Алаѓозовски, министер за култура на РМ, ќе се одржи презентација на работата на колективот Что делат и воведно предавање „Вештерство и солидарност” на Оксана Тимофеева, а потоа и проекција на филмот „Palace Square 100 Years After. Four Seasons of Zombie“ (2017).

Учесници на овогодинешниот фестивал се: Колективот „Что делат“ (Дмитри Виленски (РУ), Оксана Тимофеева (РУ), Олга Егорова (РУ), Нина Гастева (РУ), Сузана Милевска (МК), Миљенка Буљевиќ (ХР), Небојша Вилиќ (МК), Антонија Летиниќ (ХР), Лука Остојиќ (ХР), Владимир Јанковски (МК), Лујо Парежанин (ХР), Весна Милосављевиќ (СРБ), Лара Плавчак (СЛО), Миха Келемина (СЛО).

За деталната и целосна програма види тука.

 

Comments

comments