Фотографии: Александра Костадиновска

 

Вчера, со почеток во 19.30 часот на Телевизија 24, премиерно се емитуваше КРИК!, новата емисија од млади за млади.

Концептот на КРИК! се состои од два сегменти кои ги таргетираат потребите на младите луѓе и тоа: (1) Општествен – актуелни теми кои ја засегаат младата популација и ставаат акцент на секојдневните проблеми со кои тие се соочуваат, и (2) Културен – воведување на младите во културните трендови преку претставување на нови ликови од уметноста, музичката сцена, филмската индустрија и младинскиот активизам.

 

 

Позади КРИК! стојат Бруно Велјановски, Трифун Ситниковски, Деница Чадиковска, Давид Илиески и Константин Битраков.

Главната промоција се одржа во Винил. Подолу се неколку фотографии од вчерашната атмосфера.

 

 

Comments

comments