Од денес, па сé до 5 октомври (четврток), по трет пат по ред ќе се одржи мултимедијалниот фестивал „КУЛТИВАТОР“.  

Фестивалот, како и досега, ќе се одвива во кафе бар Кино Карпош, бистро барот Барбакан и ноќниот клуб Минус Еден, кои воедно се главните организатори и реализатори на настанот.

Овој редок културолошки, четиридневен настан, ќе покрие 3 главни сегменти од областа на уметноста: филм, музика и дизајн.

Во Кино Карпош ќе се одржи POPCORN киното. Таму ќе се прикажуваат најнови проекции на филмови од македонска продукција меѓу кои филмови на Милчо Манчевски, Владимир Митевски – Ѓуле, Дина Дума, Косара Митиќ и уште многу други. По проекциите на филмовите ќе следи музички дел составен од реномирани имиња од македонската „DJ“ сцена како Еми Ермилова и Fluid, англискиот познат DJ Simon Atkinson и еден од најдобрите македонски blues бендови, In The Mood. Програмата во Кино Карпош вклучува и „pop up cultivator“, промоција на  „streetwear“ облека на млади дизајнери и уметници. Погледнете ги делата на Микери, Драш, Popcorn, Cactus, и други.

 

 

Во Барбакан фестивалот ќе го отвори легендарниот уметник Игор Јосифов, со филмска проекција на „Wit-ness”, во кој што се појавува и топ моделот Катарина Ивановска, а потоа следи серија од повеќе краткометражни филмови на Јосифов  како „Taming Fire“, „Burning Words“, и „Unification“. За крај, присутните ќе имаат можност да го проследат и неговиот уникатен, уметнички перформанс со оган.

Листата на изведувачи ќе ја надополнат Александар Петров со TransMission Project, автентична интерпретација во живо со реномираните музички имиња Васил Хаџиманов, Росен Захариев, Мари Маре, Иван Шопов, Бафтијар Бериша и Таир Амет, како и Владимир Четкар со својот препознатлив бенд и Echotronics.

Во ноќниот клуб Минус Eден, програмата ќе се одвива после полноќ со одлични музички имиња од Македонија и странство. Уживајте во ноќниот живот со Ilina Angel, Нино Наумов, Маци, Flooder и одличните Иван Шопов кој ќе настапи со аналогна електроника, Terry Francis DJ сет, Simon Atkinson DJ сет и многу други.

 

Comments

comments