Овој понеделник (1 октомври), со почеток во 18 часот, во Кино Карпош се отвора четвртото издание на Култиватор, фестивал на македонски филмови и музика.

Најголемиот новитет на фестивалот, кој ќе трае од 1 до 4 октомври, е тоа дека освен досегашните локации – Кино Карпош и ноќниот клуб Минус Еден, на мапата на Култиватор Vol. 4 се приклучува и најновиот член наКино Карпош семејството, локалот BKW.

Овој културолошки четиридневен настан, како и досега, ќе покрие 3 главни сегменти од областа на уметноста: филм, музика и дизајн.

 

Дизајн и филм во Кино Карпош

Кино Карпош ќе има посебна улога да ги вдоми локалните „занаечтии“, артисти, уметници, дизајнери и остатокот од македонскиот креативен свет со четиридневна програма. Таму ќе биде сместена Поп Ап продавница со дела на ATAMI, Em Ellephantski, 0.10error of harmony, ANOTHER UNIVERSE manufaktur, Cactus Design, Nina Nineska, Dreadpen, Popcorn Skate Co. & XMKD.com и Madrid Skateboards.

Исто така, дел од Кино Карпош програмата ќе биде и прикажување на проекции на филмови од македонска продукција на режисерите Дина Дума, Ајдин Ислами, Лидија Мојсовска, Андреј Георгиев, Агим Абдула, Никола Поповски, Батухан Ибрахим, Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, Гоце Цветановски, Агим Абдула и Владимир Митревски.

 

 

Улична уметност и настап на Crazy P во BKW

Во локалот BKW ќе имаме можност да го погледнеме креирањето на идентитетот на ентериерот на локалот со делата на локалните графити артисти Dragan Drash Kitanovski, Marjan Dimic и Sali Ertunc.

 

 

Диско ноќи во Минус Еден

Во ноќниот клуб Минус Еден ќе се случи отворањето на зимската музичка сезона со четири B2B настапи на Nino Naumov и Bozhidar Jovanovich; Emi Ermilova и DJ Zoki Bejbe; DJ Flooder и Maci и Ilina Angelovska и PBR Streetgang.

Во однос на музичката програма на Култиватор Vol. 4, вредно е да се напоменат настапите на британските легенди Crazy P и PBR Streetgang на 4 октомври. Crazy P со своите седум албуми и 20 години музичка кариера успешно придонесуваат кон зачувување на наследството на британскиот диско/хаус звук. Тие со себе ќе го донесат својот препознатлив електро-вокален звук и секако, очекуваме презентација на нивните феноменални настапи во живо кои секогаш се чекор пред диско-конкурентите. Домашна подршка: Lephonq. Картите се во ограничен број по цена од 500 денари и истите можете да ги најдете во Кино Карпош.

Истиот ден (4 октомври) ќе се случи и настапот на PBR Streetgang. Bonar Bradberry и Tom Thorpe, попознати како озновачи на музчкиот колкетив PBR Streetgang, се оформуваат по едно долго патување во Ибица. Ибица е втор дом на момците, како резиденти на светски реномираната забава „We Love“ во клубот Space. Нивниот звук се протега меѓу класичниот диско и хаус стил, а продуцираат и генерираат интерактивна, заразна и лесно прифатлива музика со британски шмек. Домашна подршка: Ilina Angel. Картите се во ограничен број по цена од 300 денари и истите можете да ги најдете во Кино Карпош.

 

Comments

comments