Постпродукција е тоа што доаѓа по продукцијата? Тоа е се што знаеме на темата. Иван Дургутовски (со помош на Весна Тирицовска и Дејан Џолев) ќе се обиде да ни ги рашири хоризонтите со курсот на темата кој започнува на 29 октомври и трае 10 седмици. Му поставивме неколку прашања на Иван под изговор за интервју, а всушност поради нашите себични желби и заинтересираност за учество во курсот.

Ментор си на курс по ПОСТПРОДУКЦИЈА на фотографија, кој започнува на 29ти октомври – што претставува овој курс?

Кога ќе го слушнам зборот ментор, веднаш пред очи ми излегува огромен човек во црна наметка со боја на глас како Darth Vader. Бидејќи не поседувам ништо од тоа, јас ќе бидам Иван на курсот по постпродукција на фотографија. Ок, тоа беше мојот одговор, а сега следува вистинскиот одговор.

Курсот по ПОСТПРОДУКЦИЈА на фотографија претставува 10-неделно дружење проследено со интензивна обука во која ќе се запознаеме лице в лице со пострподукцијата и нејзината ќерка – фотомонтажата. А на крај, за да не се лутат и двете, ќе им приредиме една одлична изложба. (И ова беше мој одговор).

Durgutovski - Djolev (3)

Дали постои основа која треба да ја познава и поседува секој кој би сакал да се занимава со постпродукција на фотографија?

Желбата и ентузијазмот се најголема основа за било која работа, па така и за овој курс. Секако, претходни познавања од естетика и/или фотографија се добредојдени, ама она кое ние го бараме е посветеност, доследност и истрајност, а сè останато ќе си дојде на свое место.

Durgutovski - Djolev (2)

Која е разликата помеѓу ФОТОШОП и ПОСТПРОДУКЦИЈА на фотографија?

Постпродукцијата не е фотошоп. Толку. Чао. Не, чекај и фотошоп е важен. Така? Да. Секако. Фотошоп е алатката која ни помага да ги реализираме нашите идеи, ама идеите не стојат во фолдер на компјутер, што значи дека ќе треба да ги уклучиме главите и малку да се помачиме околу тоа. Особено ќе треба да се помачиме при изборот на вистинските идеи, бидејќи кога имаме можност да направиме “сè’”, најлесно е да направиме ништо.

Што може да очекуваат оние кои ќе го посетуваат?

Оние кои ќе бидат дел од овој курс може да очекуваат многу забава, многу нови предизвици, многу разговори за време на наставата и после тоа, многу дебати, практична работа (и тоа мануелна), не се седнува така лесно на компјутер. Ама кога ќе седнеме, ќе ги загрееме столчињата како рингла на 6-ка! Најважно од сè е да се пронајдат себеси во одреден сегмент, да продолжат да работат на тоа и непрекинато да се надградуваат. Исто така можат слободно да очекуваат да не бидат препознаени по улица. Покрај вештините кои ќе ги стекнат во визуелното трансформирање, ќе еволуираат и мисловно и идејно. Е тогаш нема да се препознаат ни самите себеси, ама другите ќе ги препознаат — по личниот печат.

Durgutovski details

 

Програма: ADOBE Photoshop: Основи, алатки, колор корекции, текстурирање, боење, селекции, ретуширање, маски, монтажа. Ликовна уметност: Естетика, философија на убавото, теорија на боја, визуелни комуникации, анализа, цртачки и ликовни техники. ИЗЛОЖБА.

Пријавувањето е во тек. Почеток: 29ти октомври.

Повеќе информации на:
http://djolev.com/files/PostPro.pdf
https://www.facebook.com/DjolevAndArts

Контакт: 078/ 923 172, 078/ 227 825

 

Comments

comments