Колекција: Bastet NoirLa vie en rose
Фотографии: Александра Костадиновска
Модел: Ана Ежова

 

Секогаш постои чувство на радост и возбуденост кога почнуваме со плановите за нова колекција.

Започнуваме со основите. Како на пример, стануваш наутро и се инспирираш од убавината на нешто толку тривијално, што не можеш, а да не го заиграш happy feet танцот и да се насмевнеш.

Не поради тоа што конечно си пронашла инспирација, туку заради тоа што си успеала да најдеш убавина во најчудното нешто. Па така, пред да се напиеш дури и голтка од утринското кафе, седнуваш пред твојот компјутер, го отвараш пребарувачот, типкаш Pinterest и почнуваш да пинуваш како лудо-опсесирана личност, креирајќи визуелен moodboard со форми и силуети, нијанси на одредени бои, култури кои те инспирираат, внатрешен дизајн, уличен моден стил… и листата продолжува и продолжува.

На почеток, таа Pinterest папка изгледа како манифестација на бурниот хорор од неорганизирани мисли, кои само се редат во твојата глава, но како што се исполнува полека со прекрасни фустани, внатрешни дизајни и слики кои те инспирираат, почнуваш да добиваш замаглена визија од тоа што сакаш да го постигнеш. Така доаѓа време кога треба да ја пренесеш таа визија на парче хартија.

Откако дизајните се скицирани, одиш во потрага по совршениот материјал кој ќе се обиде да ја долови суштината на таа луда идеја во твојата глава и да го преведе тоа во реално парче уметност или во тотална утка (никогаш не се знае).

Отприлика вака изгледа процесот низ кој поминуваме за да го создадеме секое парче облека во Bastet Noir. Тука го откриваме, чекор по чекор, креативниот процес на составување на фустан и горко-слатките маки низ кои поминуваме пред да лансираме нова колекција.

 

1. Бирање на форми и силуети

Нашата цел за оваа колекција беше да создадеме нешто кое ќе биде истовремено романтично и бунтовничко, затоа што жената за која дизајнираме не е само обична девојка. Таа е бунтовник со причина, индивидуа која зрачи со самодоверба, личност која знае што сака и знае точно како да го добие тоа. Таа е скитник, слободен дух со срце полно злато и глава полна сонови. Инспирирани од овој тип на личност, сакавме сите тие карактеристики да ги претставиме преку силуетите и формите на фустаните.

Оттаму одлучивме да ја земеме формата на розата, структурирајќи го долниот дел како обликот на нејзините нежни лисја, оставајќи го горниот дел полабав, за да може девојката која ги носи да ја има слободата на грациозното движење. За да му дадеме на целиот изглед доза на рок енд рол шарм, решивме да ги украсиме фустаните со металик токи, фалти, високи ролки, широки ревери, широки колани на струкот и долги ракави.

 

 

 

2. Бирање на совршената нијанса на црвено

Самодовербата е особина на жената која нѐ восхитува константно. Постои нешто, што не може да се објасни со зборови, кај тие самосвесни жени, нешто што е толку атрактивно и привлечно. Моќните жени секогаш биле наши музи и непресушен извор на инспирација. Тоа е и причината поради која го почнавме серијалот Cool Faces of Bastet Noir series и тоа е исто така причината поради која обожаваме да дизајнираме. Кога ќе помислиш на една таква жена, црвената боја доаѓа како природен избор, токму поради тоа што секоја нијанса на оваа боја е храбра, а нашите девојки се токму такви, храбри и бестрашни.

Одредената нијанса на црвено која ја користиме е црешово црвена, инспирирана од бојата на цреши, безвременската привлечност на црвените усни и црвените нокти. Овaa нијанса е забавна, поп, весела и може да ја носи само девојка која зрачи со самодоверба.

 

 

 

3. Бирање на материјал

Во поглед на избирањето на материјалот, се одлучивме за лесна сатен свила. Го сакаме овој материјал поради неговата мазна текстура и слободата на движење која ја овозможува. Друга причина, иако реално не ни треба, е тоа што не е сезонски ограничен материјал. Може да го комбинирате со џемпери или крзени јакни во зима или да го носите како обичен фустан на лето.

 

 

 

4. Фризура и шминка

Во однос на фризурата и шминката, сакавме да постигнеме чист и старо-холивудски глам изглед, па затоа решивме да одиме со понеутрална шминка со топли и меки светло кафени тонови, нежно розеви нијанси на шминка за очи и nude усни. За да го заокружиме целиот изглед, се одлучивме да додадеме малку разиграна фризура со нежни, брановидни локни (не сум сигурна дали е правилен изразот) и voila „ a star is born!“. Буквално! Дали сме во право или е само наша желба, ќе оставиме на вас да пресудите.

 

 

 

5. Фотосесија

Првичната идеја беше користење на розева позадина, затоа што сакавме да постигнеме поженствен и малку романтичен изглед. Но кога пристигнавме во Reborn студиото добивме нова идеја – да ја измешаме црвената со азурно-сина позадина, која некако ѝ даде на самата колекција доза на топлина. Новата замисла одговараше со реквизитите кои ги имавме спремено, па одлуката беше донесена едногласно. Еве го доказот за тоа.

„Сакав да ја зачувам нежната привлечност на црвената боја и на материјалот, но исто така сакав и да ги претставам фустаните како секојдневна облека. Така дојде и идејата да искористиме тема на џунгла со големи егзотични цвеќиња за да ја доловиме бестрашноста и немирниот дух на жената. Голем дел од мојата инспирација, скоро секогаш доаѓа од Pinterest и Instagram. Во овој случај бев инспирирана од Инстаграм профилот @thisfashionfiend од прекрасната Bobo Matjila“ – Изјави Александра Костадиновска, фотографката на прекрасната фотосесија.

Иако започна како колекција планирана за совршениот дејт за Валентин, некако пополека се разви во колекција која повеќе ја слави врската што жената ја има со самата себеси. Ја слави грижата за себеси, себе-љубовта, храброста и уникатноста. Ги слави сите жени низ светот, затоа што го заслужуваат тоа.

Оваа колекција ја посветуваме на сите жени и сите совршени несовршености на женското тело. Изгради ја својата моќ, негувај ја и ослободи ја за да може да инспирираш и други жени да се издигнат и да го достигнат својот полн потенцијал. Секако, додека носат фустан од Bastet Noir.

 

Comments

comments