Фотографии: Goran Pavelić

 

Пред неколку дена, нашиот стар добар МП нѐ потсети на македонските музички великани „Леб и сол“ и нивниот хит, „Контакт је скуп“, од 1985 година. По што почнавме малку да истражуваме и наидовме на необјавени фотографии од бендот од 1979 година.

Фотосесијата за која станува збор се случила во Ријека, Хрватска, каде „Леб и сол“ патувале за да оддржат концерт. На истото место се нашле и Sven Semenčić и Goran Pavelić, од тогашниот младински весник „Polet“, кои ја искористиле коенциденцијата за да поминат време во автобусот на бендот.

Омилен момент од галеријата подолу ни е металик јакната на Влатко, која би ја чувале како културен артефакт.

Извор: XXZ Magazin

 

 

Comments

comments