Никогаш нема да ни здосадат темите на било кој начин поврзани со скандинавски дизајн на мебел.

Толку многу имаме пишувано за скандинавскиот дизајн, што на некој со нула знаење за „интерстеларната поврзаност” на Reborn со Скандинавија, во глава може да му се заврти дека: (1) Сите македонци одат на одмор во Скандинавија (извини Грција); (2) Подлабоко, Скандинавија е северен сосед на РМ или (3) Скандинавија и Македонија ќе ко-организираат Европско првенство во фудбал, па мора уште од сега да се збратимиме.

Иако сè од горенаведеното е сега-за-сега невистина и нереалност (освен заедничкото организирање на Европско првенство за кое шансите се помали од оние за братство и единство помеѓу Русија и САД), тимот на Re продолжува да гаи симпатии кон скандинавскиот дизајн и архитектура и не планира да се откаже од таа навика така лесно.

Последното нешто што ни го привлече вниманието се легендарно-фантастичните скандинавски столици од 20-тиот век, кои ги прогласуваме за подеднакво значајни со великаните на нордиската митологија, Thor, Odin и целата нивна екипа.

 

Галерија на цртани илустрации од Stephanie DeAngelis

 

Comments

comments