Претпоставувам дека сите ги знаете Cortez, легендарниот модел на Nike, или подобро познати како патиките што ги носи Forest Gump. Но што ако ви кажам дека Cortez-от е скоро целосно ископиран од Onitsuka Tiger (Onitsuka e првото име на Asics)?

Моделот на Asics (Onitsuka Tiger Corsair) за првпат бил претставен на ЛОИ во Мексико Сити, 1968 година. Човекот кој стои позади дизајнот на оваа патика е Bill Bowermann, легендарниот тренер за трчање од Орегон.

Bowermann бил вработен како технички консултант од страна на Blue Ribbon Sports (првото име на Nike), фирма водена од страна на Phil Knight. Во тоа време BRS билe главен застапник на Onitsuka Tiger за американскиот пазар, а моделите на Tiger биле бестселер и се продавале како алва.

 

 

За дизајнирање на моделот Cortez биле искористени најдобрите карактеристики на двата веќе постоечки модели на Onitsuka Tiger. Резултатот бил нов квалитетен и удобен модел, многу понапреден во споредба со конкуренцијата.

Новиот модел бил наречен Aztec (во чест на градот домаќин на ЛОИ 1968, Мексико Сити), но бидејќи Adidas претходно се претставил себе си преку моделот Aztec Gold, во последен момент BRS го смениле името во Cortez (шпанецот кој ги поразил Ацтеките).

 

 

Како и да е, моделот доживува огромен светски успех. Главните предности на моделот се специјалната апсорбирачка улошка долж целата патика и засилениот дел кај петата.

После некое време BRS се ребрендира во Nike и започнува со производство на сопствени модели на патики, но продолжува и со производство на Cortez. Nike биле откриени откако претставник на јапонците ги посетил складиштата на Nike во Америка и видел дека постои ист модел како нивниот, но со друг знак.

Секако имало и тужба, но судот одлучил дека и двете компании имаат право да го продаваат моделот. Onitsuka Tiger решаваат да го сменат името Cortez во Corsair, име кое останува во сенка на Cortez.

До ден денешен Cortez/Corsair е единствен модел кој бил бестселер на две различни водечки компании за спортска опрема.

 

Comments

comments