После веста дека Lego влегува во светот на мебелот, уште повеќе се израдувавме кога дознавме дека конечно спремаат линија „играчки“ за возрасни.

Што би рекол Диме, сега причините да правиме деца се намалија. Lego има и за нас, не ни треба изговор. Новата колекција, Lego Forma, првиот сет на коцки наменет за возрасни чија идеја е намалување на секојдневениот стрес, е колаборација со IndieGoGo Enterprise.

 

 

Станува збор за „креативен проект“ составен од 294 парчиња од моделот на риба Koi Fish, во кој е вграден систем кој генерира симулација на реалното движење на рибата, како и уникатни скинови на рибите Shark, Splash, Koi и Ink Koi.

Веќе е објавена првата, нулта серија на Lego Forma, на веб страната на IndieGoGo и истата е тотално распродадена, а во најава се уште многу нови серии, кои би требало постепено да се појавуваат на пазарот низ наредните неколку години.

 

Comments

comments