На 10 мај (четврток), во кафе барот Излет, со почеток во 17.00 часот ќе се одржи промоција на лимитираната летна колекција на маички, стикери и Dread Notes на македонскиот дизајнер Dreadpen.

Dreadpen и оваа сезона ја отвора со нов проект. Секојдневието, идентитетот и уличниот комодитет ова лето се одбележани преку нови графички прикази, зачинети со нова форма. На промоцијата ќе бидат претставени 5 нови дизајни на маички, како и многу стикери и Dread Notes. Новина во оваа колекција е соработката со iSTYLE и Beats by Dr. Dre, кои ја надополнуваат промотивната фотосесија.

 

 

Dreadpen, за оваа негова нова колекција, изјавува:

„За оваа колекција најголемо внимание е посветено на текстилот за маичките и комбинацијата на бои. Текстилот, според моето мислење, е најважниот дел во едно парче облека, посебно кога се работи за летна колекција. Веќе некое време истражувам и тестирам различни парчиња и мислам дека конечно сум задоволен со избраниот памук.

Дополнително, изработката на маичките и комбинацијата на боите ја дополнува мојата замисла и ја заокружи приказната што сакам да ја раскажам со оваа колекција. Едноставно, сакам да уживаат сите кои секојдневно ќе ги носат моите дизајни исто како што и јас си уживам во нив.“

 

 

Фотосесијата за оваа колекција беше доверена на веќе докажаниот тим: Елена Фиданска зад објективот и Марина Никушева пред објективот, со освежување од младата и енергична Анастазија Николовска. Промотивното видео го изработи Јана Атанасова.

За музичкиот дел задолжени ќе бидат Dj Goce и Dj Drama од „Зад Аголот“.

 

Comments

comments