Крајот на мај / почетокот на јуни официјално го обележува стартот на сезоната на летни фестивали. Како дел од фестивалските припреми периодов, разменивме по некое искуство со Ана Ежова — девојката која сме убедени дека не пропушта настани од ваков тип.

Еден од „најголемите” фестивали за 2016, Primavera Sound (Барселона) започна оваа среда и ќе трае до крајот на викендов. Без двоумење би се откажале од една третина од сите ладни кафиња кои ни следуваат летово, за да бидеме таму со Radiohead, LCD Soundsystem, Tame Impala, Moderat, Battles и многу, многу други.

Паралелно додека го следиме фестивалот преку мрежа и се лажеме себеси дека сме во Барселона, се спремаме и опремуваме за нашите локални фестивали, чија сезона ја отворивме минатата недела со OFFest, и ја продолжуваме викендов со Здраво Млади.

Утре (4/6/16), со почеток во 19.00 во МКЦ, на Здраво Млади, ќе уживаме во музиката на Lee Ranaldo и неговото електрично/акустично трио, „El Rayo“, кој вчеравечер настапи на Primavera Sound, а најдобро познат како ко-основачот на Sonic Youth, или како што гитара-гиковите инсистираат — „дечкото од Sonic Youth со Fender Jazzmaster-от” (додека Thurston Moore е оној со Jaguar-от). Овој настап го принтаме и класифицираме во папката со налепница „ствари што не смееш да ги пропуштиш летово во Скопје”.

 

Festival-guide (4) copy

Фотографии: Елена Фиданска /// Облека: SPRINGFIELD (лето 2016)

 

Како дел од фестивалските припреми периодов, разменивме по некое искуство со Ана Ежова — девојката која сме убедени дека не пропушта скопски настан од ваков тип. Личи на некој кој ги владее фестивалските-тајни, не само затоа што е доволно висока за да може успешно да ги следи и доживее (Дона е особено љубоморна на ова), или затоа што покрај локалните, активно ги следи и регионалните фестивали, туку тоа го прави со неверојатен стил и став за поддршка на музичката сцена.

„Сум била на Ехit, на неколку транс-фестивали, на Reworks… Лани бев на Д Фестивал во Дојран и си поминав најјако. Најбољи моменти од фестивали? Теглите ајвар што ги влечкав за DJ Osunlade на фестивал на Санторини, пијаниот шамански денс на другар ми Срле у Дојран и пре-партито за Reworks пред неколку години. Сакам да идам на Burning Man некад, кул ми е дека е у steampunk фазон. Како дете ептен го сакав Лузер фест и трчање по панкерски симпатии, се ложев на причите за Самотраки на постарите, постоеше Аларм…”

 

 

Оние кои допрва почнуваат да го живеат фестивалскиот живот, најмногу ќе уживаат во нашата неспособност за чување тајни и во советите кои Ана ги сподели со нас, а ние не можевме да додржиме да не ги споделиме со вас.

 

Трикови, совети и фестивалски бон-тон од Ана Ежова:

Што да правиш:

Носи Мартинс или било какви чизми што поднесуваат кал, скршени флаши или боцкави треви. Сандали на фестивали се NO-NO, ако не сакаш да ти ги смачкаат сите прстиња на нозете. Сè ова не важи ако си на совршено зелената искосена трева на Coachella (сериозно, не знам како им успева).

Облека? Каква сакаш! На фестивал си чоече. Биди си хипстер колку сакаш и ич да не ти чуе. Ако одиш на Burning Man, земи си купачи за преку ден и монтка за навечер.

Понеси ранец/торба. Единица мерка за сè што ти треба во животот е тоа што може да собере во еден ранец/торба. Сè друго е вишок.

Шминка… Стварно не мора. Можеш да издржиш неколку дена, а за тоа време може и ќе си ја лоцираш самодовербата. Во секој случај, ќе се најде некој доволно пијан и за тебе.

Понеси чорапи. Никогаш доволно чорапи.

И наочари за сонце и купачи, пошто Инстаграм.

 

Festival-guide (9)

Festival-guide (7)

Фотографии: Елена Фиданска /// Облека: SPRINGFIELD (лето 2016)

 

Што да не правиш:

Поважно од тоа да си земеш Аутан е да не кажуваш на никој дека имаш. Ќе ти го потрошат за 2 минути.

Земи си екстерен полнач за мобилен, пошто, нели, Инстаграм. А може и стварно ќе ти затреба.

Земи си другарче што знае да чува пасоши, пари и клучеви од кола. И не кенка дека не може да спие у шатор.

Биди отворен и насмеј се. Не, не ти се пушта секој што ќе ти се обрати, опушти се и напрај си муабет со луѓе.

Немој да крадеш. Озбилно, не биди сељак.

И за крај, не е срамота да си земеш некоја конзерва грав или паштета. И онака ќе се сликаш во McDonald’s на враќање. ☺

 

 

SPF-fest-3

 

Comments

comments