Режиja и продукција: Димитар Попов
Камера, монтажа, и пост-продукција: Михаил Намичев
Играат: Бранислав Спировски (Dan) и Димитар Попов (Ben)
Нарација: Димитар Попов

 

Letz е нова апликација-четбот, базирана на вештачка интелегенција (AI), која ќе ти помогне со секојдневните активности.

Овој проект на македонски стартап неодамна доби инвестиција од South Central Ventures за оваа прилично интересна идеја, особено поради моменталниот chatbot-бум (предизвикан од лансирањето на бот платформата на Facebook, успехот на Slack и најавите на Microsoft дека и тие работат на четботови).

Најбитниот ден за Letz е токму денес, кога Letz ја лансира својата апликација на Product Hunt – платформа на која сите светски стартапи целат да си го објават својот продукт и да се пласираат барем меѓу првите пет. Твојата поддршка можеш да ја дадеш преку гласање на Product Hunt (ветуваме дека е брзо и едноставно).

Во припреми за лансирањето на апликацијата, тимот на Letz, реши да не контактира за изработка на видео реклама која ќе ја презентира Letz на креативен и впечатлив начин. Предизвикот беше прифатен и така се роди првата видео реклама снимана од ReProduction.

Тимот беше составен од Михаил Намичев на камера, Бранислав Спировски во улога на главен актер и Димитар Попов на режисерското столче и нарација. Потребни беа два дена да се сними, кои ни личеа како цела недела, што поради станувањето во 5 сабајле и снимање цел ден, што поради вируси и грипови.

Толку од нас, сега стисни плеј и гледај. И никако не заборавајте да ги поддржиш Letz!

 

Comments

comments