Лидија додека се движи

Автор: Костадин Героски

 

Окоокеан дур се движат нозете,
Румообразите думаат случкообична
Што и’ се сторила низ денот, (во денот на Лидија)
Рацете птицоправат, листоусните бескон цел,
Зошто значењето е само кога двајца сме,
Безобразно бескрајат толку жигови в овој миг
И’ простувам за глупостите за кои утре пак
ќе се слаткокараме, ќе се распараме, Лидијо,
легнувам, а мигонебеам, нема потреба од звуци,
Додека таа оди до кујната да го земе чајот,
првпат дознавам:
„Љубовта е убавина во движење“

 

Еве и една песна во придружба на поемата. Дека е љубов. Дека е Лидија.

 

Comments

comments