Фотографии: Ана Лазаревска (Здраво Млади 2016, МКЦ Скопје)

 

Цврсто сум убедена во фактот дека не постои читател на Reborn кој не помислил барем еднаш досега на тоа дека мора одреден период од животот да го помине на различни страни од светот, опкружен со различни луѓе и карактери.

Најинтересните приказни околу овие шетања и посети скоро секогаш се поврзани со моментите кога дознавам дека токму тоа место е изворот на музиката која ја слушам или сум ја слушала.

Во тие моменти на занес и безгрижни лутања, од нигде-никаде се појавува енергија која те бутка и те прави зависен од емоцијата која ја пренесува текстот и звукот на артистите кои творат и создаваат парче уметност во градот — изборот на твојата посета.

Ако оваа појава можеш да ја „свариш”, замисли како е да си Liima, музичари кои функционираат токму на овој начин — одреден период црпат од енергијата на Истанбул, друг од Финска, од Мадеира, четврт од таа на Берлин.

 

liima-1

Фотографии: Ана Лазаревска (Здраво Млади 2016, МКЦ Скопје)

 

Се работи за млад данско-фински колектив, формиран од страна на финскиот перкусионист Tatu Rönkkö, а надополнет со Mads Brauer, Casper Clausen и Rasmus Stolberg (тројцата членови на поранешниот дански бенд Efterklang).

Инаку ако се обидеш да го преведеш името на бендот (Liima) ќе дојдеш до зборот „лепак”, т.е. ќе дознаеш дека нивната музика е леплива и изобилува со звук преку кој многу лесно можеш да ја почувствуваш мотивацијата и феноменалната визуелизација на уметнички идеи, скици и цртежи.

 

liima-2liima-3liima-5

liima-4

 

Бендов се појави во мојот живот токму тогаш кога највеќе ми беше потребен. Во периодот кога имав огромна потреба од изненадување и освежување, а немав соодветни планови за такво нешто. Тој момент се случи за време на „Здраво Млади 2016”. Како и секогаш, се појави во оние моменти кога се губиш од музика и не размислуваш на никого и ништо.

Liima и нивната жива поставеност на синтисајзери, тапан семплери, бас гитара, многу ефекти, педали и добар вокал се креатори на звук кој ти овозможува за момент да забораваш за просторот и времето. За тие кои ги слушаат за прв пат, ви ја препорачувам „Amerika“.

 

Comments

comments