Фотографии: giuliaannamaria

 

Ако веќе имате некоја идеја за тоа како би требало да звучи нешто што доаѓа од Берлин – подгответе се за изненадување.

Lion Sphere се едно возбудливо доживување за секој страсен истражувач на добра музика, а исто така и за оние кои невино ги води мејнстримот.

Reborn со голема чест ви претставува едно одлично парче музика – првата плоча на овој извонреден млад бенд.

The Infinite You е збир на емоции, дел од нив  допрва ќе ги доживеете. Плочава е колаж од инди соул, поп, суптилна психоделија, неверојатно свеж фјужн звук и хип-хоп ритмичка основа.

 

 

На моменти, гласот на фронтменот Joel Montagud танцува по игривите мелодии како оној познатион пиратски капетан по својата палуба. Во друг момент почнува бура од сферични синтови и разложени акорди и разноразни ефекти и чуда.

Имав прилика да ги гледам по втор пат во живо, на промоцијата на The Infinite You и повторно бев изненадена од таа интергалактичка енергија која ја имаат овие четворица (доста згодни, btw) момци на сцена. Секој од нив е мајстор на својот звук и заедно прават шоу кое задоволува прилично високи стандарди.

Не можам да се одлучам дали нивниот сценски настап или работата во студио е она што повеќе ме фасцинира, па разговарав со бендот во врска со тоа:

„Песните ги пишуваме надвор од градот, надвор од нашата секојдневна средина, одиме во природа и поставуваме „songwriting“ камп. Таму не правиме ништо друго освен целодневно импровизирање сé додека не се искристализира тоа што на сите ни се допаѓа и со кое што може да работиме понатаму“ – сподели Karim Hegazy, гитаристот на Lion Sphere.

 

 

И навистина е присутно влијанието на природата во нивниот звук.

Мене лично ми е многу драго да бидам сведок на развивањето на една ваква убава приказна и се надевам дека кога ќе бидат многу славни уште ќе ни прават муабет. 🙂

„Многу сме среќни и чест ни е да бидеме претставени пред македонската публика. Благодарам Reborn!“

 

 

 

Комнтар од тимот на Reborn: Ајде сега сите Reborn-ци да си ја завршите вашата должност и да им дадете поддршка на Lion Sphere од далеку со тоа што ќе ги лајкате/пратете по социјалните мрежи: Facebook, SoundCloud, Twitter, YouTube и Instagram.

 

Comments

comments