Фотографии: Александра Костадиновска

 

Бевме, дегустиравме и фотографиравме во првиот „лајфстајл маркет“ во Македонија, Маркт.

Маркт е маркет каде што може да се најдат органски производи, фитнес и безглутенска храна, веганска храна, свежо овошје и зеленчук, свежо исцедени сокови и смутиња, свежи сендвичи, природна и органска козметика, целосна органска бебешка секција и производи со висока протеинска нутритивна вредност. Сето тоа спакувано и презентирано во биоразградлива амбалажа. Додатно остатокот од храната што останува се донира во хумани цели, а целиот асортиман на храна секој работен ден после 21 часот е на 50 %.

 

 

Се работи за маркет кој може да биде дестинација за задоволување на секојдневните потреби, но и место каде што можеш да ги најдеш продуктите кои вообичаено не се наоѓаат лесно.

Маркт моментално е присутен на две локации, на Водно (ул. Славејко Арсов 3) и во Дебар Маало (ул. Ленинова 29), а во најава е и трет локал (не кажуваме каде и што ќе биде). Фотографиите во продолжение се од локалот во Дебар Маало.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments