Кога ќе се навратам на 2013-та година, ќе помислам на Robin Thicke и на „тверкање“. Настапите на Miley Cyrus, во кои симулира орално задоволство на сцена. Ова е годината во која линијата помеѓу музиката и популарната култура се брише и кога музичката индустрија е прегазена од „тверкачи“. Година во која сценскиот аутфит беше поважен од вистинскиот звук. Во оваа културна лудница се создава една потрадиционална, успешна британска приказна.

Дебитантскиот албум на младиот британски бенд, London Grammar, е повеќе продаван во Велика Британија од Yeezus на Kayne, Bangerz на Miley, и Blurred Lines на Robin Thicke. London Grammar се составени од три пријатели во раната 2000-та – Dot Major, Hannah Ried и Dan Rothman. Со нивната музика тие раскажуваат како е денес да се биде млада личност и за проблемите со кои се соочуваат сите во овие години.

London Grammar (2)

Бендот е успешен без стилисти, социјални медиуми или огромни деколтеа. Едноставно одбиваат да бидат дел од сликата на модерната поп-индустрија. Кога започнале да работат, целиот тим претпоставувал дека во некој момент ќе добијат препознатлив популарен изглед – моден „make over”. Но, Hannah, не е заинтересирана за ваков публицитет. Тие се ѕвезди во сенка, кои за себе велат дека не се чувствуваат познати. Сите се израснати во предградија, така да можеби нивниот став е одраз на скромно воспитување.

„Се сеќавам како му велев на бендот дека не знам уште колку ќе издржам бидејќи морам да најдам нормална работа. По три месеци бевме забележани и од тој момент сè се смени“ – Dan Rothman

London Grammar (3)

Тие функционираат обединети како едно и секоја одлука ја носат заеднички. Сите апстинираат од социјалните медиуми и не сакат да бидат инволвирани на никаков начин.

Ова можеби и не е така возбудливо како „тверкање“ и мегаломанските сценски настапи, но понекогаш музиката може да биде бегство и обид да се разбере она што го чувствуваме. London Grammar можат да ви го понудат токму тоа.

London Grammar – Nightcall

 

Comments

comments