Затоа што моментално е во тек Неделата на шведска храна (ќе трае сè до 16 јуни, петок). Иако не ни требаше уште еден повод да јадеме врап, а особено со лосос.

За жал, до пред недела дена, за шведската кујна не знаевме многу. Знаевме за смешните видеа од кувари што се обидуваат да јадат шведска ферментирана харинга, за пециво преполнето со шлаг и се разбира, за вкусен пушен лосос. Но сега, после разговорот со Соња Тодорова – готвач во шведската резиденција во Скопје, може гордо да изјавиме дека знаеме нешто повеќе.

Доколку имаш на ум некој кој ужива во шведската кујна, како што уживаме и ние, тагни го/ја на објавата на овој напис на Facebook и можеби ти ќе добиеш еден примерок од книгата „The Swedish Kitchen: From Fika to Cosy Friday“.

 

За приготвување на 4 врап-а со лосос, потребно ти е:
  • 4 големи тортиљи
  • 200 грама пушен лосос
  • 70 грама марула салата
  • Свежо измелен црн бибер

 

За сосот од копар потребно ти е:
  • 1 излупено и ситно исецкано јаболко
  • 3 супени лажици копар
  • 200 милилитри цврст јогурт
  • 1 кафена лажичка мед

 

Инструкции:

Нареди ги состојките врз тортиљата, а на самиот крај додади го со сосот од копар. Превиткај ја тортиљата во форма на бурито и уживај!

 

Comments

comments