Уште едно долгоочекувано, филмско остварување на овогодишниот Cinedays. „Љубов” на Гаспар Ное (во 3D форма) ни прикажа малку поинаков филм направен од крв, сперма и солзи.

Ова не е метафора, филмот навистина е преплавен со страст, расправии, флерт, љубомора, филозофија и несимулирани секс сцени кои во ниту еден момент не изгледаат вулгарно. Тука Гаспар ја повлекува линијата помеѓу еротски арт-филм и порно.

Штом излегов од кино салата од сите страни почнав слушам како „Irreversible” и „Enter the Void” биле многу подобри, што можеби и е вистина но…

Се решив дека нема да го споредувам „Љубов” со останатите негови филмови. Морам да напоменам дека магијата на која сме навикнати, гледајќи ги неговите претходни остварувања, повторно е успешно доловена преку неговиот уникатен стил на филмско раскажување.

 

assista-a-um-trailer-exclusivo-de-love-o-novo-filme-de-gaspar-noe-1443626278

Сижето е многу едноставно. Младиот американец Марфи (Karl Glusman), студент на филмска режија во Париз, се буди од телефонски повик рано наутрото на 1 јануари. Веднаш покрај него е слатката плава Оми (Klara Kristin), а во другата соба нивниот син Гаспар. На телефонската секретарка има говорна порака кoja како тригер кај Марфи буди плеада на стари емоции и сеќавања. Од нив осознаваме за неговата мината врска, но сè уште голема љубов, Електра (Aomi Muyock).

“How can something so wonderful bring such a great pain?”

Oд тој момент филмот влегува во својата хронолошки-нелинеарна структура на раскажување, форма во која Гаспар Ное уште еднаш се докажува како експерт. Камерата иако генерално статична или многу помирна од она што сме навикнати во неговите филмови (3D камерите се тешки и не трпат брзи движења) е секогаш надополнета со одличната игра со светло и/или многуте детали кои кадарот го полнат со информации. Шапката доле за маестро Benoît Debie, камерманот кој заедно со Гаспар ги кршат границите на обичната кинематографија.

 

A009_L002_1020RZ

Тоа ме асоцира на единственото нешто кое ми сметаше за време на проекцијата, а тоа е непрофесионалната 3D техника која ги десатурира боите и ја намалува светлината на филмот. Брутално го уништува целосното уживање, до тој степен што за некои сцени решив да ги тргнам 3D очилата.

Она што мене лично ме заинтригира, беа неколкуте самоимлицирачки и полубиографски моменти во филмот. Како на пример тоа дека филмовите што младиот Марфи би ги режирал би биле направени од крв, сперма и солзи (на кој ли нè асоцира тоа?). Бебето на главниот лик се вика Гаспар, а газдата на галеријата која ја посетија неколку пати се вика Ное. Тие неколку факти ме натераа да истражам дали има други вакви поврзаности со животот на режисерот and lo and behold: Омилен филм на Марфи и Гаспар Ное е „Одисеја 2001”, филм кој и двајцата ги инспирирал да станат режисери; и двајцата се дојдени од странство и студираат филмска режија во Париз; понатаму низ филмот се забележуваат и името на неговата сестра и други билиски луѓе на режисерот.

 

A009_L002_1020RZ

Изборот на саундтрак е одличен како и секогаш, со тоа што овој пат Ное се решил за меланхолична боја на музика, што е очекувано за љубовна приказна обвиткана со болка и страст на гланите протагонисти. Карл Гусман одлично го изведува ликот на Марфи, рамо до рамо со неговата колешка дебитант Aomi Muyock . Очигледно дека Гаспар обожава да соработува со млади луѓе кои никогаш претходно немале искуство пред камера и евидентно е дека тоа го изведува маестрално.

“Can you show me how tender you can be”

Неизбежни во филмовите на Гаспар се разбира се алкохолот и дрогата. Љубопитните Марфи и Електра експериментираат со различни видови дрога (исто колку што екпериментираат и во љубовта) меѓу кои и мистичната напивка од Јужна Америка – Ајахуаска.

Не би сакал да откривам многу за крајот и убавата поента на филмот, па затоа само ќе издвојам цитат од едно интервју, во кое Гаспар вели:

“His addictive love-passion, becomes something else and in the end he is in love with someone else in a very different way”.

Филмот е реална љубовна приказна која опфаќа универзални позитивни и негативни моменти во една врска, во кои сите ќе се препознаме. Затоа би ви препорачал, без разлика дали ќе ја имате среќата да го гледате филмот во кино или во удобна домашна атмосфера, обидете се да не го споредувате со  „Irreversible” или „Enter the Void”. Од едноставна причина што уметноста како и љубовта имаат многу облици и форми коишто се менуваат со текот на времето и не се за компарација.

 

Comments

comments