Авто-портретите на Magdalena ја прикажуваат универзалната убавина на човековата форма меѓу облиците на природата.

Magdalena Wosinska е полска фотографка која моментално креира, работи и доручкува во Лос Анџелес. Magdalena својата работа ја темели на константно нагласување на младешката убавина, енергија и спонтаност, но сето тоа на еден забавен и лежерен начин. Во малкуте минути кога не фотографира, таа ја чува својата камера на рамо, спремна во секој момент да го смести својот објектив во центарот на дејствието. Професионалност и фраерлук.

Голотија и перфектна позадина. Нејзините фотографии се познати по тоа што го матат умот на гледачот и го водат кон еротски мисли (а сето тоа со огромна доза уметност). Генијално. Со досега издадени две книги со фотографии, најтазе е колекцијата од автопортрети, „The experience Vol.1“, преку која Magdalena најмногу се опушти и ослободи. Патува соло и ги фотографира најубавите точки од светот. Нејзините акт-автопортрети ги уриваат сите предрасуди, класни ограничувања или стилски правила. Девојката е едноставно совршен примерок на прекрасна и универзална човечка форма сместена во природна средина. Мислам дека малку се заљубив.

Галерија

 

Comments

comments