„Lean On“ достигна уште еден рекорд – гледаност од 1 милијарда на YouTube. „Ова е првиот инди музички спот (независен од голема продукциска куќа) со преку 1 милијарда гледаност. Се чувствуваме како „Rebel Alliаnce“ против „Death Star“ во поп музиката на YouTube.“ – изјави Diplo.

Хитот на летото 2015, „Lean On“ од Major Lazer, DJ Snake и , е најстримуваната песна на сите времиња (збориме за на Spotify). Таа е преслушана 526 милион пати. Морам да признаам дека најмалку 200 од тие стримања се лично мои… песнава ми е неверојатен „guilty pleasure“. Хејтајте колку сакате, ама едно е неспорно – Diplo нема промашување кога станува збор за хит (+ MØ е еден од најдобрите вокали на денешната поп сцена).

DiploLeanOnVideoScreenShot

Оваа недела, „Lean On“ достигна уште еден рекорд – 1 милијарда гледања на YouTube. Diplo (главниот продуцент зад Major Lazer и еден од најактивните и најуспешни ликови во EDM сцената), ги сподели неговите скромни мисли околу сето ова и ја раскажа приказната за тоа како е создадено видеото.

„Мојот прв инстинкт е дека не припаѓаме во ист кош со Tay Tay, Katy Perry, Justin, Psy и сите други видеа со над 1 милијарда гледања. Видеото беше направено во Индија, со прилично ограничен буџет, во текот на неколку слободни денови од нашата турнеја низ земјата. Немавме помош од голема продуцентска куќа… спотот беше една наша импровизација, составена во неколку часа… горе-доле 24 часа.

Снимавме од изгрејсонце до изгрејсонце. Кореографијата се создаваше на самото место без простор за дополнителни проби. Ја изнајмивме старата палата (истата од спотот). За да изгледа така убаво како на камера, беа потребни дополнителни подготовки и припреми. Местото беше прилично бедно – луѓе спиеја зад секој ќош, а самата градба беше поприлично нестабилна.

Имавме план да има слон во видеото, но кога дојде време да го вметнеме слонот во кадар, тој беше заспан. Мислевме дека тренерот на слонот само бара повеке пари и понудивме да платиме повеќе пари, но испадна дека слонот навистина спие и тренерот ни кажа дека ако со сила го разбудиме, има големи шанси да настрадаме. На крајот, и без слон, спотот успеа да стигне до 1 милијарда гледања, а за тоа сте заслужни сите вие! Многу битен факт е тоа дека сето ова беше изведено тотално независно. Ова е првиот „инди“ музички спот со преку 1 милијарда гледаност. Се чувствуваме како „Rebel Alliаnce“ против „Death Star“ на поп музиката на YouTube. ONE LOVE!“

 

 

Comments

comments