Фотографии: Александра Костадиновска

 

Во Reborn, сите сме големи сладокусци и љубопитни за креативни и оригинални пристапи кон храната. Затоа, ни претставува задоволство да ве запознаеме со новата иницијатива „Food for tomorrow”.

Сѐ поголемиот број на население во светот, во комбинација со ограничените ресурси и негативните економски трендови го доведуваат во прашање квалитетот на храната и нејзината достапност. Ваквата ситуација влијае буквално врз секој од нас и нѐ повикува што побрзо да најдеме ефикасни решенија за одржлива иднина.

Иницијативата „Food for tomorrow“ се обидува да даде одговори токму на овие теми. Основана од Шведскиот институт, Living Cities, WNEAT во соработка со Шведската амбасада во Скопје и Белград, оваа иницијатива има за цел да ги вмрежи визионерите и да помогне нивните идеи да прераснат во конкретни проекти за одржлива иднина на храната.

Оваа недела, на 25 и 26 април, тимови од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, ќе учествуваат во 24-часовен предизвик во Скопје. Вкупно 27 учесници ќе работат на иновативни идеи за решавање на моменталните локални и глобални проблеми поврзани со храната. Најдобрите идеи од овој 24-часовен предизвик ќе добијат финансиска поддршка за да ги развијат своите проекти во наредните 8 месеци. Настанот ќе претставува и официјален почеток на иницијативата.

Денес ви ги претставуваме 5-те македонски тимови кои ќе учествуваат на „Food for tomorrow“.

 

 

Ајде Македонија

Првиот проект на „Ајде Македонија“ бил мобилизирање на повеќе од 100.000 граѓани во масовни акции за чистење на отпадот ширум Македонија. Преку искуството на терен заклучиле дека токму отпадот од храна е најголемиот вид на отпад во земјата и дека има најголем економски, социјален и еколошки потенцијал. Затоа, активно работат на воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишокот храна.

„Кога фрламе храна, ние фрламе енергија, вода, човеков труд и различни други најблагородни ресурси. Само преку одржлив систем за храна, може да дојдеме до одржлива економија во Македонија. Системите за храна се најголемите економски активности во секоја земја.“, вели Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија“.

И на предизвикот „Food for Tomorrow“ ќе се фокусираат на превенција на фрлањето на храна. „ Имаме 450.000 граѓани во Македонија кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Тоа не смее да го прифатиме како непроменлива состојба. Потребна ни е голема општествена промена сега“, објаснува Блаже.

Како тим веруваат дека сѐ помалото користење на месо и млечни производи е иднината. Изборот на Блаже е растителна храна, особено фалафелот од Vegan 365 Kitchen.

 

 

 

Биорганика

Попознати како „BeOrg e-fresh“ на социјалните мрежи, тие се тимот позади продавницата за органска и еко храна која работи со онлајн нарачки за свеж зеленчук и овошје. Се трудат да ја направат локалната, органска храна достапна секому. Неодамна го започнаа и проектот „Здрави и среќни деца“ преку кој едуцираат за важноста на здравата исхрана, особено кај децата. Мотив за овој проект им била статистика според која секое трето дете има зголемена тежина, како и потенцијалот кој свежите продукти го имаат за оваа тема, но и за целокупното здравје.

Елена Ангеловска, менаџер на „BeOrg e-fresh“ вели дека Македонија, со својата поволна клима и огромни неискористени површини има огромен потенцијал за одгледување органска храна. „Она штом нам, највеќе ни недостига како нација е свесност за важноста на храната, како број еден импакт фактор врз здравјето. Со зголемување на свеста за конзумирање на здрава храна, полека но сигурно ќе се отворат и нови видици за одржување на еко системот и сите ќе придонесеме кон целосна искористеност на храната како и индиректно ќе се вклучиме во процесот на производство.“

На предизвикот овој четврток, тимот на „Биорганика“ ќе работи на идеи за зголемување на свесноста за здравата исхрана и правилно искористување на сите органски продукти.

Елена ни откри дека секојдневно експериментира со рецепти подготвени од зеленчук, зрна и јаткасти плодови. Бургер направен од црвена леќа и просо, пица со рикота од соја, лазања со месо од печурки… со малку по-отворен ум и желба за промена, здравите опции се неограничени.

 

 

 

Природна перспектива

Приказната на „Природна перспектива“ започнала кога мала група пријатели решиле да ги прошират идеите за самоодржлив начин на живот, пермакултура и комуни. Како што интересот се зголемувал, добиле понуда за соработка со здружението „Надеж-Норе“ од Македонска Каменица, а оствариле и соработка со здружение од Бугарија. Преку волонтирање, создале градина на почва која не била обработувана 9 години и без никакви хемиски препрати успешно одгледуваат 9 различни земјоделски култури и неколку видови на билки за зачини.

Според Симона Николова од „Природни перспективи“ и покрај тоа што сме држава во која примарната гранка била земјоделието, на повеќето им е чудно што некоја млада личност би се вратила на село за да си произведува храна во време кога се може да се купи готово.

Но, Симона верува дека кога луѓето би се запознале со можностите за одржливи системи кои можат да се имплементираат и да профункционираат кај нас, тогаш жителите на Македонија ќе доживеат ренесанса.

Пермакултурата и можностите на пермакултурните дизајни ќе бидат нивниот интерес на „Food for Tomorrow“. Целта е „здрава храна за човечкиот организам и процес на производство кој не и штети и не ја загадува околната средина.“, вели Симона.

Таа се труди да конзумира еколошки чиста и органска храна, која вели дека не е баш лесно да се најде. Од неодамна постепено преминува кон веганство.

 

 

 

Ранчо на Ванчо и Ката

„Ранчо“ е всушност гостинска куќа за селски туризам во с.Оморани, област Азот (Централна Македонија). Како што кажува самото име, сопственици се Ванчо и Ката кои оваа куќа од 1937 година целосно ја реставрирале и намениле за селски туризам. Освен локални туристи, од 2015 година „Ранчо на Ванчо и Ката“ добива резервации ширум светот преку booking.com.

Услугите на гостинската куќа опфаќаат и оброци, па од особен интерес им е продлабочување на методите на управување со храната во вакви угостителски системи. Со таа цел и ќе учествуваат на 24-часовниот предизвик во четврток.

„Ако се одгледува храната во сопствената градина, ако се готви и сервира со љубов, и особено на начин кој нема да остави било какви остатоци од храната, секако дека е еден од одржливите начини на приготвување и конзумирање на храната. Само така, храна ќе има доволно за сите живи суштества на Мајката Земја.“, вели Ката.

Преферираат вкусна, свежа и домашно подготвена храна во вистинска кујна.

 

 

 

Slow Food Македонија

Дел од Slow Food International, светска организација која промовира локална храна и традиционални методи на подготовка. Во Македонија активно делуваат веќе 10 години, а нивната филозофија е храна произведена со почитување на благосостојбата на животните и животната средина и правична храна, набавена директно од производителот, односно со фер цена на плаќање.

Николче Николовски од Slow Food силно верува во одржливоста како концепт на македонско тло. „ Како предуслови ги имаме нашата традиција на производство, природните ресурси, регионалните пејсажи, изобилството на сонце. Семејните вредности и култ во поглед на подготовката, служењето и славењето на храната. Во нашите семејства, нашите баби и нашите мајки сè уште подготвуваат ручеци кои се вистинско уживање во храната. Додека пак рестораните генерално служат ужасно лоша храна, што е слика и прилика на постојниот неодржлив модел“.

Тој додава дека во четврток ќе се фокусираат на одржливи системи, а воедно и локални, како главна компонента во одржливоста. Тоа подразбира градење на врски во локалните заедници, во синџирот на дистрибуција на храната „од нива до трпеза“, кој мора да биде краток т.е. директна средба меѓу производителот и консументот.

Омилена храна на Николче е онаа од неговата градина, односно локална, свежа, органска, со потекло од локалниот биодиверзитет и традиционалните техники на производство.

 

Photography: Aleksandra Kostadinovska

 

At Reborn, we are all serious fans of food. And not just foodies, but real enthusiasts curious for new and creative approaches.

Food is the most basic human need, a universal source of energy and a common “language” around the world, and we are well aware that the way we treat food affects our health, mood, and of course, the environment. Because of this, we are especially delighted to introduce to you a new initiative called “Food for tomorrow.

As world population grows and economic resources deplete, the quality of our food and its accessibility continues to decline. This situation affects virtually every single one of us demanding us to find new effective food solutions for a sustainable future – as soon as possible. The “Food for tomorrow” initiative exists precisely for this reason – to create sustainable food supply systems.

Founded by the Swedish Institute, Living Cities and WNEAT in collaboration with the Swedish Embassy in Skopje and Belgrade, this initiative aims to connect and empower talented young people in the Western Balkans and Sweden and help their ideas grow into projects for a sustainable future for food.

This week, on April 25 and 26, teams from the Western Balkans, including Macedonia, will participate in a 24-hour challenge in Skopje. A total of 27 participants will work on innovative ideas to address current local and global food issues. The best ideas of this 24-hour challenge will receive financial support to develop their projects in the next 8 months. The event will also be the official start of this 3-year initiative.

Today we are presenting the 5 Macedonian teams participating in the challenge.

 

 

Ajde Makedonija

The first project of “Ajde Makedonija” was the mobilization of more than 100,000 citizens in a mass actions for cleaning waste throughout the country. Through field experience, it has been concluded that food waste is the largest type of waste in Macedonia and has the greatest economic, social and environmental impact. Therefore, “Ajde Macedonia” is actively working to establish the first system for donating excess food.

“When we throw food, we throw energy, water, human labor and other valuable resources. Only through a better food system can we reach a sustainable economy in Macedonia. Food systems are the largest economic activity in every country,” said Blaze Josifovski of “Ajde Makedonija”.

At the “Food for Tomorrow” challenge Blaze will focus on the prevention of food waste. “We have 450,000 citizens in Macedonia who can not afford all the necessary meals for a give day. We must not accept this as an unchangeable state. We need a great social change now,” explained Blaze.

As a team, they believe that reducing the use of meat and dairy products is the future. Blaze’s favorite food is food that comes from plants, especially the falafel from Vegan 365 Kitchen. 😀

 

 

 

Biorhythmic

Known as “BeOrg e-fresh” on social media, they are the team behind the organic and eco-food store that works with online orders for fresh vegetables and fruits. They try to make local, organic food available to everyone and recently launched the project “Healthy and happy children” through which they educate about the importance of healthy eating, especially in children. The inspiration for this project was research which concluded that one in three children is overweight. They believe that the solution to this problem lies in fresh products.

Elena Angelovska, manager of BeOrg e-fresh, says that Macedonia, with its favorable climate has huge potential for growing organic food. “The thing we lack the most in this nation is awareness of the importance of food and its impact on health. By increasing awareness and educating people about consuming healthy foods, we will slowly but surely open new perspectives for maintaining the eco-system and we will all contribute to the full utilization of food as well as indirectly engage in the production process.”

At the challenge this Thursday, the Biorganika team will work on ideas to increase awareness of healthy eating and the proper use of all organic products.

Elena revealed that she daily experiments with recipes prepared with vegetables, grains and nuts. Burger made of red lentils and millet, soy sauce pizza, lasagna with mushroom meat… with a slightly more open mind and a desire for change, she says that healthy options are unlimited.

 

 

 

Natural Perspective

The story of “Natural Perspective” began when a small group of friends decided to extend the idea of ​​a self-sustaining way of life, permaculture and communes. As the interest increased, they received an offer to cooperate with the organization “Nadezh-Nore” from Makedonska Kamenica as well as an association from Bulgaria. Through volunteering, they have created a garden of soil that was not previously cultivated for 9 years and without any chemical processes successfully cultivated 9 different crops and several types of spice herbs.

According to Simona Nikolova from “Natural Perspectives”, although we are an agriculture driven country, it is surprising to most people that a young individual would return to the countryside to produce their own food at a time when everything is readily available for purchase.

But Simona believes that if people were to become acquainted with the possibilities for sustainable systems and how they can be implemented in Macedonia, the nation would experience a renaissance.

Permaculture and the possibilities of permacultural designs will be the interest of “Natural perspective” at the “Food for Tomorrow” challenge. The goal is “healthy food for the human body and a process of production that does not harm or pollute the environment”, says Simona.

She tries to consume ecologically clean and organic food, which she says it is not easy to find. She has gradually turned to veganism.

 

 

 

“Rancho”, the ranch of Vanco and Kata

“Rancho” is a guest house for rural tourism in the village of Omorani in Central Macedonia. As the name suggests, the owners are Vanco and Kata. They completely restored this house from 1937 and repurposed it for rural tourism. Apart from local tourists, since 2015 the ranch gets reservations from around the world through booking.com.

As owners of a tourist guesthouse, Vancho and Kata have a particular interest in improving the methods of food management in the hospitality industry. This is precisely the topic they hope to address at the 24-hour challenge on Thursday.

“If we grown our own food, in our own gardens, if it is cooked and served with love, and especially in a way that will not leave any food waste, we can certainly create a more sustainable future that will allow us to have enough food for all living beings on Earth,” said Kata.

Vanco and Kata prefer fresh, homemade food cooked in a real kitchen.

 

 

 

Slow Food Macedonia

This organization is part of Slow Food International, a worldwide institution that promotes local food and traditional methods of preparation. In Macedonia, they have been active for 10 years with a philosophy that respects the welfare of animals and the environment and believes in food purchased at fair prices directly from producers.

Nikolche Nikolovski from Slow Food strongly believes that sustainability can be a concept that works wonderfully in Macedonia. “We have priceless prerequisites for creating sustainable food systems. We have our tradition of production, natural resources, agricultural landscapes, and an abundance of sunshine. Family values ​​and tradition in terms of preparing, serving and celebrating food. In our families, our grandmothers and our mothers are still making meals that are the essence of true enjoyment of food. On the other hand, restaurants generally serve terribly bad food, which is an opportunity for changing the existing unsustainable model. ”

He adds that on Thursday they will focus on “local” as a major component in sustainability. This involves building links in local communities, in the food distribution chain from field to table, and creating direct connections between the manufacturer and the consumer.

Nikolche’s favorite food is that of his garden, which is fresh and organic, originating from local biodiversity and traditional production techniques.

 

Comments

comments