Во сабота 28 мај, организирани од Бла Бла, во градскиот парк на легендарната Школка со почеток од 12 часот сабајле, македонската алтернативна сцена ќе се собере по втор пат за Македонските Алтернативни Награди.

Македонски алтернaтивни награди или скратено М.А.Н. Вака на прва звучи мошне интересно и забавно. Некако штом слушнав дека постои ваков настан кај нас, добив визија како за пар години нема да имаме потреба да пишуваме и објаснуваме за М.А.Н., туку само ситно ќе ги броиме деновите до случувањето на овој настан. Но да одиме полека чекор по чекор, сепак стигнати сме до второто скалило.

 

Која е идејата и темата позади М.А.Н.?

Со здружувањето на целата алтернативна сцена се роди и потребата еднаш во годината таа да се собере на едно место, каде самата себе ќе се награди со добра музика и добра забава. Во сабота 28 мај, организирани од Бла Бла, во градскиот парк на легендарната Школка со почеток од 12 часот сабајле, македонската алтернативна сцена ќе се собере по втор пат за Македонските Алтернативни Награди, празникот на слободата, денот на љубовта, верата и надежта за поубаво утре.

 

Што е М.А.Н.?

Накратко се работи за единствен настан од овој калибар, каде што се доделуваат награди за најдобрите алтернативци и креативци кои твореле и работеле во текот на годината. Македонските алтернативни награди имаат за цел да ја обединат македонската алтернативна сцена и да создадат голема алтернативна фамилија која меѓусебно ќе си помага и ќе се поддржува.

Идејата е артистите да гледаат на овие награди како на поттик за создавање на своите дела и да знаат дека има некој кој го цени нивниот труд и нивната работа.

Оваа година учество ќе земат: Bernays Propaganda, Karter Badmintons, Зад Аголот, Авторизација, Titanum, Игор Џамбазов, Guru Hare, Gish, Новиот Почеток, Фонија, Culture Development и многу други.

 

П.С. Ќе има бројни изненадувања и цени на пијачки како во 90тите.

 

Comments

comments