Дали јас фантазирам или реална е ситуацијата дека џезот полека, но сигурно, станува сериозен „играч” на македонската музичка сцена?

Оваа констатација не ја извадив од џеб, туку следејќи што се случува последниве години на полето на македонскиот џез, некако ми се проврте мисла низ глава – Абе џезов кај нас не е „играчки за мали деца”. Се раѓаат нови бендови кои креираат и создаваат авторски музики, Скопскиот џез фестивал од година во година е се попопуларен и популарен (што од помодарство, што од вистинска љубов кон него), веќе докажаните џез музичари растураат кај нас и по светов и ред други ствари кои се на некој начин поврзани со џез културата.

Секако, тука малку прогуглави дојдов до многу интересни историски факти за македонскиот џез, кои би биле супер информации за да звучиш упатено и начитано:

 

Првиот и основен начин на пробивот на џезот во Македонија е преку радиобрановите на ноќната радио програма Music USA на „Гласот на Америка“, која ја води Вилис Коновер (Willis Conover).

 

Пресудна улога за популаризирањето на џезот има основоположникот на македонската џез-музика, Драган Ѓаконовски-Шпато (11.3.1931, Скопје – 3.1.1987, Скопје), автор на првата џез-композиција во Македонија, „На игранка”, во 1946 година. Во понатамошното оформување на Шпатовиот композиторски стил особено влијание ќе извршат елементите на македонскиот музички фолклор и бразилската музика.

 

 

Првобитниот активен контакт со џезот Шпато го започнува преку составите што ги формира неговиот брат Хари Ѓаконовски: „Три мускетари“ и квартетот „Шпат пац вит туп“

 

Есента 1951 година, во Радио Скопје се формира „Ритмички секстет“ кој го води Шпато. За прв пат на програмите на Радио Скопје во живо се изведува свинг, би-бап, кул џез, но и забавна музика. Популаризацијата на џезот воедно се извршувала и преку настапите на игранките во Поштенскиот дом во Скопје.

 

djakonovski-kover-900x300_c

 

 Со композицијата „Еволуција“ на Илија Пејовски во 1972 година ја бележиме појавата на првата џез-композиција што ја пишува друг композитор, а тоа да не биде Шпато.

 

Како одраз на интересот на популацијата за џез-музиката, на брановите на Радио Скопје се јавуваат две емисии од областа на џезот: емисијата „Во светот на џезот“ на Костадин Костадиновски и „Џез-панорама“ на Оливер Белопета – кои со своето дејствување во рамките на радиото и на печатот ќе придонесат за култивирањето на џез-публиката и за прифаќањето на џезот во Македонија.

 

Сето ова беше инспирирано од престојниот настан насловен како „Twelve Moons of Jazz” кој ќе се одржи во Јавна Соба (Public Room). Се работи за серија од 12 настани посветени на најдобрите џез состави во Македонија. Во организација на Digital.Millennium.Artists TM скопската публиката секој месец ќе има прилика да проследи по еден квалитетен џез концерт.

 

 

Честа да го отворат овој настан го имаат Fierce (за нив веќе пишувавме), најновото освежување на македонската џез сцена, состав кој носи нова енергија и несомнено ќе биде еден од најдобрите македонски џез состави во периодот што следи.

Една мала, но слатка ретроспектива за тоа кој, што, како и зашто работел за афирмацијата и популаризацијата на македонскиот џез.

 

Comments

comments