На 4400м надморска височина во моментов се наоѓа Reborn фотографката на неделата Марија Грујовска.

Денес викендашки решивме од Водно да се преселиме во рајското гнездо на Химелаите познато како Непал каде по четвртти пат престојува оваа млада и талентирана фотографка.

Марија дипломираше антропологија на универзитетот во Виена, па во склоп на своите студии и дипломска минатите години одеше во Непал на подолг период за да ги истражува неисцрпните убавини кои ги нуди ова бајковито место во Азија.

Сега милата Марија е повторно таму како фриленсер, фотографирајќи и пишувајќи за нејзините патешествија во веб-магазини.

 

edit44-472

 

Гледајќи ја галеријата подоле нејзината љубопитност и вљубеност во човештвото и природата се очигледни. Освојувајќи ги високите планини и ридови, таа дише со полн здив и нејзината свежина успешно ја споделува преку фотографијата.

Марија вели дека и покрај тоа што Непал е многу егзотична земја, неа веќе и е станата секојдневие. Чувствувајќи се удобно и како дома, Марија од Непал раскажува за уметноста, фасцинантноста и убавината која ни ја дава нашата планета.

Не сме сигурни дали на Марија и е во план да го искачи Монт Еверест, ама судејќи по нејзините фотки, таа за Reborn веќе е на 8.848м надморска височина.

Честитки Марија!

 

edit44-477

 

edit44-476

 

edit44-474

 

edit44-473

 

edit44-471

 

edit44-470

 

edit44-469

 

Comments

comments