Марија Магдалена Стојчовска е студент по психологија
Инстаграм: @maleficarum_
Фотографии: Елена Фиданска
1. Најдобро облечен филм е:
Сабрина, од тука ми се роди љубовта кон модата од 50-тите.
2. Ако треба да носам еден аутфит до крајот на животот тоа би било:
Маичка што сама сум ја нацртала, фармерки и патики.
3. Омилено место за пиење кафе во Скопје ми е:
Во парк, на сонце.
4. Никогаш не би носела:
Фармерки со низок струк и патики на полна пета.
5. Последно парче облека кое го купив е:
Nike патики за трчање.
6. Секогаш со себе носам:
Торба преполна со секакви тракатанци што може да ми затребаат во текот на денот.
7. Наутро прво:
Го пијам кафето во тишина, инаку денот нема да тргне добро.
8. Бојата на косата:
Ја менувам на секој мини нервен слом.
9. Се сеќавам кога:
Баба ми ми ја донесе првата книга Хари Потер, сè уште ги препрочитувам сите до една.
10. Дали спомнав дека:
Сум опседната со аналогна фотографија. Го заразив и дечко ми, па сега заедно се радуваме на фотките како мали деца. Има некоја магија во целиот процес.