Mariusz Herma е основачот на beehype, музички вебсајт што го водат околу 150 новинари од светот кои ги претставуваат најдобрите изданија од своите локални сцени.

Како куриозитет, името на истиот овој музички вебсајт е асоцијација со трудољубивоста и работиливоста на пчелите и со тоа дека секој од новинарите придонесува со „малку сладост во куќарката”. И да, татко му на Mariusz е пчелар.

Музиката која е презентирана на beehype се избира според нејзиниот квалитет, а не профит. Зборуваме за музика, а не за топ радио хитови. Beehype е вистински антоним на радио музиката – на радио добиваме илузија на избор додека ги менуваме станиците или емисите, но всушност сè e бледа копија на претходната/следната фрекфенција.

Ако сакаш да слушнеш музика од Исланд или Франција, само неколку клика и таму си! Но што е со музиката од Пакистан или Венецуела? Од каде би почнале?

Mariusz, кажи ни нешто повеќе за beehype. Името, идејата зад него и почетоците на неговата реализација.

Како музички новинар и музички обожавател, поминував часови по странски веб-сајтови и блогови обидувајќи се да дознаам што се случува во Јапонија, Бразил, Јужна Кореја, Египет или Мексико. Беше многу тешко. За секоја добра песна ќе морав да преслушам навистина лоша локална поп музика. Но, јас сè уште продолжив да истражувам, бидејќи конечно открив одлични уметници од овие земји – тоа ми беше многу забавно.

Во одреден момент размислив дека наместо да пребарувам преку стотици веб-страници повторно и повторно, можеби би можел да стапам во контакт со вистинските луѓе во тие земји и едноставно да ги прашам да препорачаат добра локална музика? Потоа, имав втора мисла – Зошто да не го направам тоа јавно, така што и другите луѓе ќе можат да се забавуваат како мене?

И така beehype започна да работи. Ми требаше речиси една година да најдам почетна екипа (40-50 луѓе) и да ја направам веб-страницата. Но, започнавме првиот ден од пролетта во 2014 година, а сега имаме околу 100 постојани соработници и многу повеќе луѓе кои ни помагаат да бараме одлична музика. До денес ги запознавме читателите со над 2500 музичари од околу 130 земји.

Што се однесува до името, како придонесувачи на beehype, ние сме како пчели – секој од нас носи само малку сладост во куќарката. Но, кога ќе го соберете… Инаку, татко ми е пчелар.

 

За првпат, како дел од „specials” програмата на MENT, beehype оваа година имаше три настани. Како започна оваа соработка? Кој беше процесот на избор на музичка програма за сцената на beehype?

MENT започна многу скоро откако беше лансиран „beehype“. И само со гледање на line up-от на првото издание станав обожавател на фестивалот – баш беше „beehype-ish“. Кога отидов на второто издание сфатив дека нашиот соработник во Словенија, Andraž Kajzer, исто така е еден од основачите на MENT! Искрено го засакав фестивалот пред да знам дека и тој стои зад него.

Со текот на годините се сретнавме неколку пати на некои фестивали и конференции и јас понекогаш ќе споменев дека би било прекрасно да се донесе beehype во реалниот свет – да се сретнат во живо соработниците и можеби еден ден да имаме фестивалски стејџ, бидејќи имаме големо познаење за талентираните локални уметници. И она што е важно, секоја препорака од beehype треба да е прифатена од нашиот меѓународен тим за слушање, така што знаеме дека би успеала на меѓународно ниво.

Двајца артисти кои свиреа на „beehype“ стејџот на MENT, Katja Sulc од Словенија и полското дуо Maniucha и Ksawery, добија фантастични критики од соработниците од други земји. Значи и покрај понекогаш крајно локалниот „flavour“ на нивната музика, знаевме дека ќе успеат и пред меѓународна публика. Додека, за третиот артист Antropoloops, Andraž го видел во живо во Шпанија и веднаш сфатил дека ќе биде совршен за „beehype“ стејџот. Погледнете ги неговите видеа на YouTube!

 

 

На MENT, направи избор од 12 најдобри музички спотови од целиот свет, но сега е време да се направи уште потежок избор, кое би било #1 видео според тебе?

Мислам дека првата песна што ја пуштивме, “The Aleph-bet song” од Victoria Hanna, ја сумира целата забава што ја имаме во beehype. Видеото е прекрасно, спектакуларно, а приказната зад него е толку фасцинантна – можете да научите многу за културата и историјата само преку обидот да го разберете ова видео.

 

Секој ден слушаш нова музика од целиот свет поради „beehype“. Кои топ 3 артисти ги слушаш изминатиот месец?

– Tim Bernardes – Бразил

– 5K HD – Австрија – кои исто така направија прекрасно и моќно шоу на МЕНТ

– #Lekhfa – експериментален поп проект на неколку од најголемите музичари во Египет

 

Што ти се допаѓа најмногу за МЕNT и за Љубљана?

Луѓето, очигледно. Особено оваа година поради состанокот со „beehype“ тимот, но и уште порано за МЕNT мислев дека е совршено место за да се запознаат луѓето заинтересирани за музика, а не само настан за размена на бизнис картички.

Организаторите на МЕNT исто така вложуваат многу енергија во процесот на селекција и тоа го потврдуваат квалитетот на конференциските панели и концертите.

 

Comments

comments