Марко ми е другар по X-Files линија. Нашите мисли за новите X-Files епизоди комплетно се поклопуваат. Од новата глума на Duchovny и Gillian, константниот стил на Chris Carter, па сè до рингтонот на Mulder. Единствената разлика е што он ги црта многу подобро од мене.

По повод феноменалното враќање на нашата најголема причина за немање зрел социјален живот, iam8bit и Poster Posse најавуваат изложба посветена на сите мали и големи работи што ги обожаваме од серијата на Chris Carter.

Ударната вест е секогаш во трет параграф. На изложбата, наречена “Conspiracies, Monsters and Mythology: An X-Files Art Show” во Лос Анџелес, чие отворање е на 4ти февруари, ќе учествува и Марко Манев со прекрасниот постер приложен веднаш под овој трет, ударен параграф.

X Marks The Spot

Следете ја кариерата на Марко Манев, и iam8bit и Poster Posse на Twitter за новости во врска со изложбата.

 

Comments

comments