На 23 јуни (сабота), после 9 годишна пауза, Марко Настич ќе гостува во градот на кознулите.

Оваа сабота Марко Настич ќе настапува во летната дискотека „База“ во Битола со почеток во 22.00 часот со што ќе го одбележи своето 20 години активно музицирање и диџејствување. А покрај настапот на Марко Настич, ќе имаме шанса да ги проследиме и настапите на Дени Трајков од Mosaik Kollektif, Кристијан Петровски и JosS.

 

 

Овој настан е во организација на GREEN community, здружение на уметници од повеќе полиња, стационирано и основано во Битола. Главната причина за формирањето на ова здружение е заедничкото организирање на културно-уметнички настани, токму од ваков тип, а со цел подобрување на целокупната култура во градот.

За сценографијата и визуeлните уметности ќе се погрижи Mastrapiece, a за дизајн на плакат се погрижи Сандра Котевска.

 

Comments

comments