Една од поомилените (а, веројатно и најкорисни) активности на Instagram ни е откривањето на нови таленти.

Така дознавме за колажите на Мартина Неделковска (@basically_martins), кои толку многу ни се допаднаа што решивме да ја побараме и да поразговараме за нејзините дела. Таа вели дека создавањето и помага во разбивањето на секојдневната монотонија, а главна тема на нејзините дела е жената. Нас ни е мило што ја запознавме и посакуваме уште многу шаренолика креативност.

 

View this post on Instagram

my #new #collage #art #📷

A post shared by Martina (@basically_martins) on

 

Кажи ни нешто повеќе за себе, која е Мартина и на кој начин е поврзана со уметноста? Дали уметноста е дел од твојата професија или е „бегство“ од секојдневната рутина?

Мислам дека креативноста ја носам во себе отсекогаш. Ја сакам уметноста во сите нејзини форми и ми буди инспирација и желба за творење. За жал, мојата дневна работа не е воопшто поврзана со уметноста, така што, креирањето на колажите што ги постирам на Инстаграм за мене е еден вид бегство од таа секојдневна рутина и навистина уживам во времето посветено на овие мои „творби“.

 

View this post on Instagram

my #new #collage #art #📷

A post shared by Martina (@basically_martins) on

 

Зошто работиш токму колажи? Од каде ги собираш материјалите за делата и како обично тече процесот на создавање на едно дело?

Креирам колажи уште од средно училиште (уметничко). Тогаш делата ги изработував рачно, а сега, во чекор со технологијата, сè изработувам дигитално, на компјутер.

Интернетот е полн со инспирација и материјалите што ги користам во моите колажи ги наоѓам случајно или со пребарување, а во иднина планирам да користам мои оргинални фотографии за креација на колажите.

 

View this post on Instagram

my #new #collage 📷

A post shared by Martina (@basically_martins) on

 

Имаш ли некоја тема која се провлекува, која е генерален концепт на сите колажи, или секој е поединечна приказна? Што е она кое прави да си речеш, „Е баш оваа слика ќе ја искористам и претворам во дело“?

„Жена“ – тоа е главната тема на секој мој колаж и не се водам по некаков определен концепт, туку само по емоција. Секој колаж е различен, со различни бои и различни елементи. Целта ми е да претставам едно поинакво видување на жената, нејзините емоции и сфаќања и на предрасудите што постојат во однос на жената на ова ново време.

 

View this post on Instagram

my #new #collage #art #📷

A post shared by Martina (@basically_martins) on

 

Која ти е личната визуелна преференца/стил? Кои ти се омилени светски, а кои локални автори/дизајнери?

Јас пораснав во деведесеттите. Сè што е поврзано со тој период ми е блиско и драго – музиката, филмот, модата, видеата, начинот на живот, сè…

Го сакам визуелниот стил на Harmony Korine и William Strobeck, а, исто така, го обожавам сензибилитетот и дизајнот на LUDUS.

Музиката е она што ме води во моите креативни моменти, а во последно време сум „закачена“ на издавачката куќа Sacred Bones Records и Dais Records ми се допаѓаат скоро сите нивни артисти. Секако, не можам да не ја споменам модата како битен фактор во мојата креативна продуктивност. Сè започнува од неа и од стилот на еден човек.

 

Comments

comments