Мартина Рмуш е студент по маркетинг
Инстаграм: @rmush_martina
Фотографии: Елена Фиданска

 

 

 

1. Најубаво облечен град е:

Фиренца, прават совршен спој на vintage со модерно што целосно се вклопува со духот на градот.

 

2. Омилено место во Лондон:

Уффф… морам да признаам дека ми е тешко да одвојам, но мислам дека сепак тое е Camden town заедно со Camden market и Regent’s park.

 

 

3. Ако треба да носам еден ист аутфит до крајот на животот тоа би било:

Патики, фармерки, дуксер и наочари за сонце.

 

4. Никогаш нема да фрлам:

Vintage Fendi ташната од мајка ми.

 

 

5. Омилено зајдисонце:

На плажите на Marta’s Vineyard, USA.

 

6. Секогаш со себе носам:

Мартинка, на десната рака.

 

 

7. Деновите кога не знам што да облечам носам:   

Патики, фармерки, дуксер и наочари за сонце.

 

8. Се сеќавам кога:

Решив за прв пат да се тетовирам, имав 15 години и многу измешани емоции. Страв, среќа, двоумење, колебање… сè на едно место.

 

 

9. Дали спомнав дека сум:

Совршено трапава, спонтана и нетрпелива личност, па и многу често самата се вовлекувам во интересни неволји кои на крај завршуваат како уште поинтересни искуства.

 

10. Кога ќе се разбудам прво:

Кафе, цигара и музика.

 

 

Comments

comments