Овогодинешната априлилили еуфорија, традиционално ќе биде фокусирана на едно место – недела, Кино Карпош, 21.00 часот.

Прва асоцијација за квалитетно организирани маскенбалски забави во Скопје ми се легендарните проводи „под маска” во Кино Карпош. Па така, 6-та година по ред, овој 1-ви април во Кино Карпош ќе се одржи маскенбал на кој главна тема ќе бидат филмските маски.

Како и изминативе години, така и оваа, главните атрибути на маскенбалите на Кино Карпош се феноменалната и екстремно лабава дружба, одличните и секогаш иновативните филмски маски, како и добра увертира за жустрата борба, која претстои на „Кино Карпош Оскари”.

Многу важно: Најдобрите единечни и групни маски ќе бидат номинирани за „Оскари 2019“, кои ќе се одржат на јубилејниот 10-ти роденден на Кино Карпош.

За музичкиот дел ќе биде задолжен ДЏ Мачки.

 

Comments

comments