Колаж: Ангела Стојковска

 

Неделава започнува Cinedays! Покрај богатата филмска програма (повеќе од 100 филмови), ќе понуди и одлични концерти, предавања и работилници.

Стварно сме среќни што можеме да споделиме дека еден од нашите омилени „нови ликови“ на македонската сцена, за кој еднаш зборувавме „на долго“ на Electronic Beats, 20-годишниот Матеј, заедно со SEERma ќе настапат како предгрупа на овогодишниот хедлајнер на Cinedays, Noga Erez.

Ова ќе биде првиот концерт на Foltz, кој ќе настапи заедно со Зибомб (Шиш Калифа и Никола Настевски). Не се пропушта. Нацртај се во МКЦ во 22.30 во четврток (8 ноември), зашто овој млад артист заслужува квалитетна поддршка. А до тогаш, за загревање, ѕирни го нашето интервју со Матеј и пушти ја „Понеделник“ на рипит.

 

Comments

comments