Фотографии: Александра Костадиновска

 

Одамна не сме биле некултурни.

Пред неколку месеци последен пат ја нарушивме приватноста на локален дизајнер, кога дојдовме кај Томи Акимовски (Микери) дома, го прашавме да ги нареди сите предмети кои му се најдраги и му поставувавме непријатни прашања.

Сега, после кратка пауза, се враќаме на нашиот омилен серијал на написи, и ја посетивме Матеја Николиќ, која моментално ја спрема својата магистерска на Архитектонскиот факултет во Скопје. Матеја, покрај своите студии по архитектура, се занимава и со илустрација и графички дизајн (тука можеш да ги погледнеш нејзините илустрации).

Прилика да ја запознаеме прв пат имавме на поп-ап шопот на Музеј Дебар Маало, кога дознавме дека веќе година дена активно се занимава со илустрација. Сега можеш да ја запознеш и ти, или бар да мислиш дека ја знаеш, ако ги погледнеш нејзините омилени објекти и нивните приказни.

 

 

1. Ок, очигледно си супер-фан на Stranger Things. Имаш ли омилен карактер – кој и зошто?

Сум! Маичката ми е DIY подарок, а Eleven е избрана да биде извезена веројатно зашто е најинтересниот лик од приказната. Сите ми се одлични, но ако треба да одберам еден омилен лик тоа ќе биде Мајк – заради тоа што е неверојатно искрен и храбар. И супер кјут, нормално!

 

2. Ни кажа дека #2 и #7 се поврзани. #2 е floorplan од Museo del Prado во Мадрид, а #7 е влезницата. Зошто ги вклучи во листата на твоите омилени предмети?

Мадрид е еден прекрасен град од кој имам многу вредни спомени, ама Museo del Prado e музејот во кој сум ги видела на едно место неколку од најдобрите поставки до сега.

Избран е тука затоа што во колекција ја поседува мојата омилена слика – The Garden of Earthly Delights од Hieronymus Bosch.

 

3. Ова е Moleskine тефтер. Што има внатре? Дали работите кои ги изработуваш дигитално, првично ги црташ на хартија?

Генерално да, ама во последно време цртам директно на компјутер. Повеќе ми служи за груби скици на идеи кои не сакам да ги заборавам додека стасам со хартија/компјутер, а во него има се – од листи за купување во супермаркет, до скици и идеи за различни работи.

 

 

4. Зошто баш René Magritte?

Затоа што е еден од многуте надреалисти кои сите треба да ги знаат. Навидум има едноставна депикција на обични елементи, а всушност е доста сугестивен со одличен сенс за контекст.

 

5. Ова е графички таблет така? Кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци како илустраторка?

Да, мојот прв графички таблет кој сама си го купив. Во принцип многу ми беше тешко да го напуштам традиционалиот начин на цртање и „comfot zone“ техниките на техничко цртање и акварел, ама се окуражив и не направив грешка.

Со дигитално цртање почнав да се занимавам од минатата година, така отсечно – и ми се откри друга димензија. Илустрацијта е визуелизација често врзана за мисла, текст, песна, итн, и има многу големо значење бидејки е клучна во пренесувањето на пораката на делото (на теми од социјална критика до емоција).

Досега работев на персонални илустрации и неколку „commissions“, а сега сакам да се посветам повеќе на editorial illustration. Мислам дека како медиум може, и треба да има огромен имапкт и би сакала колку што можам повеќе да придонесам за тоа.

 

 

6. Што е ова? Не можеме да одгатнеме што има во теглата.

Тоа се пораки и случки од блиско минато (знам дека звучи cheesy), кои се интересна работа за на крајот на годината да ги прочиташ, да се потсетиш што се ти се случило и да се смееш/плачеш/зачудиш/заблагорадиш на животот and its perks.

 

7. Види го #2.

 

8. Ова веќе ни кажа дека се мали водени бои. Наменети на артистот во движење? 🙂 Кое е најчудното место на кое си цртала, или еве уште поконкретно – на кое си ги користела овие portable бои.

Апсолутно за се тоа, Winsor & Newton Pocket size palette. Најчудното место немам, ама најинтересно до сега – во бар во одлична атмосфера и светло. Супер се и за на плажа – а бидејки се нови ја пропуштија минатата сезона, ама не и нареднава.

 

 

9. Разгледници со архитектонски објекти од Европа кои можат да се сецкаат и прават во мали макети. Моментално ги завршуваш твоите магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје, кои ти се плановите за во иднина? Дали сакаш да се посветиш на архитектурата или на графичкиот дизајн?

Конкретни планови немам, може да се случи се и сешто да излезе. Архитектурата никогаш нема да ја извадам од себе бидејки учејќи архитектура научив многу работи и сакам тоа да продолжи, но цртањето е нешто што го правам цел живот и се посветувам на тоа.

Двете пробувам да ги врзам што е можно повеќе, поготово архитектурата во илустрацијата, и vice versa!

 

10. И ние го имаме истиов атлас. Ова е дел од твоите омилени предмети затоа што: (A) Обожаваш да патуваш, (Б) обожаваш географија, (В) ти се допаѓа неговиот југословенски изглед, (Г) сите од горенаведените, или (Д) ниту едно од горенаведените?

Г, Г, Г! Под Г секое повеќе од другото!

 

 

11. Love и REcycling. И нас ни се драги концепти. Има некоја приказна позади ова?

Ова е една од 4887 картички кои се добиени рециклирајки ѓубре – од енергија произведена од 300,643 парови кои воделе љубов во 2009 година. Нема приказна, само нејзиниот фронт – Love has to be REcycled!

 

12. Стари Versace наочари кои ги имаш добиено во наследство. Од кого? Дали ти се драги затоа што изгледаат кул или затоа што личноста од која ги доби ти е драга?

До скоро и припаѓаа на мајка ми. После 32 години, од кои 11 молење – конечно се мои 🙂

 

 

13. Кои се најдобрите 3 работи од книгава?

Сите 101 се одлични! Книга која се чита повеќе пати во животот и не е наменета само за вљубеници на архитектурата.

Топ 3 се:
#48 – „If you can’t explain your ideas to your grandmother in terms that she understands – you don’t know the subject well enough“
#62 – „Less is a bore.“ – Robert Venturi
#86 -„Manage your ego“

 

14. Дали покрај дизајн и архитектура, се интересираш / занимаваш со фотографија? Апаратот е аналоген, дали тоа значи дека веруваш дека аналогната фотографија е подобра од дигиталната? Зошто?

Повеќе ја доживувам како висока уметност која учи на многу важна работа – How to capture something in its true and absolute form. Сакам да се занимавам што е можно повеќе со неа. Не можам да кажам дека е подобра или полоша, но аналогната фотографија те учи на процес-ориентирана работа според мене, од фотографирање до равивање на истата.

Кога имаш само една шанса да нешто фотографираш, и те како ќе размислиш што ќе биде тоа и како ќе изгледа.

 

Comments

comments