Во среда, во киното во железничката зграда на ул. Борка Талески 26, со почеток во 12.00 ќе се одржи отворањето на изложбата „Материјални контури“, партнерство помеѓу Универзитет Американ Колеџ – Факултет за Архитектура и Дизајн, Скопје и Syracuse University – School of Architecture, New York.

Архитектите сè повеќе се принудени да ги обликуваат поголемите размери и контексти, да ги решаваат прашањата поврзани со инфраструктурните проблеми, урбаните и еколошките системи, како и културните и регионалните прашања. Овие прашања, претходно ограничени во областите на инженерството, екологијата или регионалното планирање, сега бараат артикулација преку архитектурата.

Овој настан ќе проба да ја истражи појавата на географското, нова, но најчесто латентна парадигма во архитектурата денес, да ја артикулира и да ја постави како ефикасна поддршка на проектирањето.

 

 

Овој ново-настанат „проблем“ ќе биде презентиран преку две изложби, „Мапата е поинтересна од територијата“ и „Компаративен урбан атлас“, како и промоција на работилницата Летна школа Охрид 2018, кои ќе ја испитуваат и илустрираат оваа промена во парадигмата, појавата на географското и останатите алатки неопходни за архитектите да работат и да обликуваат поголеми размери и контексти, односно територии.

Повеќе инфо за настаните тука.

 

Comments

comments