Најновата реклама на McDonald’s за нивните Maestro сендвичи искористи песна од каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика Филтер Лабел.

Креативниот директор кој работеше на рекламата имаше идеја да направи нешто поинакво од досегашните промо клипови на брендот и побара песна што на конечниот производ ќе му даде стилизиран ретро призвук.

„The Dust Settles Down“ од групата The Lovely Intangibles е една од петте песни што Филтер Лабел ги предложи и беше веднаш прифатена со образложение дека совршено одговара на замислата на режисерот поради „уметничкиот кул звук” на бендот. Рекламата е наменета за телевизиите во Полска, а започна да се емитува денеска.

 

 

Инаку, ова не е прв пласман на песна од каталогот на Филтер Лабел во реклама на светски познати брендови. Досега, музика од каталогот на македонската компанија се има појавено во реклами на Nike и Philip Morris, како и во повеќе серии и филмови, меѓу кои и The OA, Nikita, CSI: Las Vegas и The Matrix Revisited.

 

Comments

comments