„Убавиот живот не е оној имун на тага, туку оној во кој страдањата допринесуваат кон нашиот развој“

Многу често тагата има смисла. Познато ти е она чувство на тага предизвикана од чиста неправда? Работата ретко ти го исполнува срцето (и џебот), не можеш да бидеш сигурен со луѓето кои ги сакаш, или некои работи едноставно, малку доцна ги разбираш.

Меланхолијата не учи дека нашата тага е поврзана со повеќе фактори, не само со нас, туку и со светот и сите оние кои одат по него. Страдањето му припаѓа на целото човештво. Тоа не прави подобри, емпатични и емотивни. Не учи да се фокусираме на она што навистина вреди, пред да биде предоцна.

Преубави илустрации и кратко објаснување на ова идеалистичко, носталгично, тажно чувство. Не би успеала правилно да го дешифрирам кога би се обидела. Но, видеото успеа да ме потсети на него.

 

Comments

comments