Од 13 до 15 јули, за прв пат дел од поширокото Reborn семејство ќе оди на еден од најголемите летни фестивали, Melt! Festival во Ferropolis, Германија.

Првото издание на Melt! Festival е во 1997 година, а неколку години подоцна, неговата популарност вртоглаво расте и Melt! се префрла на неговата моментална локација, Ferropolis во Gräfenhainichen.

 

 

Токму „новата“ локација, Ferropolis или „Железниот град“, e една причина за неговата големата популарност, бидејќи танува збор за поранешен рудник, кој е претворен во open-air музеј и е домаќин на различни културни манифестации. Гигантските машини, езерото Gremmin, околната шума и седумте стејџа, исполнети со светски познати артисти, се дел од уникатната атмосфера по која е препознатлив овој фестивал.

Уште во првите години од своето постоење, Melt! негувал блиска врска со берлинската клубска сцена, претставувајќи диџеи како Ellen Allien, Dixon, Richie Hawtin. Но со тек на годините, покрај најдоброто од електронската, кон фестивалската програма се приклучуваат и светски познати изведувачи од хип-хоп и алтернативната сцена.

 

 

Што ќе гледаме на Melt! Festival 2018?

Оваа година како главни ѕвезди на фестивалот се најавени Florence + The machine, The XX и Fever Ray. За хип-хоп фановите ќе се погрижат Tyler, the Creator, The Internet, Kali Uchis, а добро познатите Ben Clock, Nina Kraviz, Ellen Alien ќе ги забавуваат најиздржливите до раните утрински часови.

Целосната програма на фестивалот како и информации за влезници може да се најдат тука.

 

Comments

comments