Минатиот четврток (18 октомври) во Цреша се случи „Melt“, деветиот по ред NeulandNight.  

Вечерта ја поминавме во дегустирање сладолед со вкусови кои никогаш не сме помислиле дека ќе ги пробаме. За што треба да им се заблагодариме на девојките од Missy Onion, кои не само што го осмислија, туку и целосно, сами, од нула, го приготвија сладоледот. Така, имавме можност да пробаме комбинации од банана и кари, мед и лаванда, манго и халапењос, јаворов сируп и сланина и плаво сирење, додека за музичкиот избор беше задолжен DJ Ulterior.

„Melt“ беше претпоследниот во овој серијал на настани организирани од Neuland – мултисензорната платформа, која има за цел да им даде прилика на локалните уметници да ги поместат границите на добрата забава, нудејќи досега невидени интерпретации на звукот, вкусот и визуелните уметности.

Во продолжение е галеријата со фотографии од вечерта, а овој четврток се гледаме на последниот NeulandNight.

 

 

Comments

comments