Од 30 јануари до 1 февруари, на 8 локации низ Љубљана, ќе се одржи петтото издание на зимскиот фестивал на музичка креативност, MEНT.

Најголемата новина на ова петто издание на MEНT е тоа што љубљанскиот замок за прв пат ќе биде една од неколкуте концертни локации. Исто така, МЕНТ стана и првиот фестивал во регионот кој се приклучи на меѓународната кампања Keychange, која инвестира во новите женски таленти, охрабрувајќи ги фестивалите да постигнат рамноправна родова рамнотежа до 2022 година.

Застапеноста на жените во музичката индустрија е многу ниска во европските земји. Хонорарите за жените се сѐ уште помали и жените се недоволно застапени во водечките улоги во индустријата и на фестивалските програми.

За оваа проблематика, Andraž Kajzer, еден од главните организатори на MENT фестивал, изјавува: „Го забележавме дисбалансот во индустријата и имаме желба да направиме промени. Сакаме да го прошириме зборот и да ги натераме сите во индустријата да размислуваат по ова прашање. Тоа е единствениот логичен и фер начин да се реши овој проблем.“

Па водејќи се според политиката и овогодинешната тема на фестивалот, ова се 6-те артисти, 3 машки и 3 женски, кои мислиме дека вреди да ги знаете пред да одите на МЕНТ:

 

Blu Samu (Белгија)

 

 

MART (Словенија)

 

 

Bee Bee Sea (Италија)

 

 

КУКЛА (Словенија)

 

 

Sevdaliza (Иран/Холандија)

 

 

ICEAGE (Данска)

 

Comments

comments