Од 31.01.2018 до 03.02.2018 во Љубљана ќе се одржи четвртото по ред издание на MENT фестивал. Додека кај крем шнити важи обратното, кај фестивалите, помал значи поголемо уживање.

Фестивал на искрени емоции и енергија во интимна атмосфера. MENT Љубљана беше прогласен за „најдобар мал фестивал“ и „најдобар indoor фестивал“ за 2017 година на една од најголемите европски музички конференции, „Eurosonic“ во Холандија. Тоа што е „ПИН Конференција“ и „Таксират“ за Скопје, е „MENT“ за Љубљана и Словенија.

Накратко, МENT е тридневен фестивал на нови артисти од цела Европа и пошироко, со вкупно околу 60 изведувачи кои одржуваат концерти на различни локации во Љубљана.

Се работи за меѓународна конференција која се фокусира на музичката индустрија и креативноста. Нивниот фокус се регионалните и источноевропските сцени, музичките професионалци, претставници на фестивали, издавачки куќи, букинг агенции, музички медиуми. Нова музичка енергија, размена на идеи и искуства, меѓусебно поврзување и соработка на луѓе кои работат и творат во полето на музиката и уметноста. Изминатите изданија, нашите Foolish Green, Telemama и Bernays Propaganda одржаа свои концерти како дел од овој настан, а дополнително можеш да го видиш и видеово за да имаш претстава што се случувало минатата година. 

 

 

Значи, на менито следната недела освен крем шнита имаме и: ALGIERS (US), YOUNG FATHERS (UK), AVOID DAVE (EE), FFX (SI), ELVIS JACKSON (SI), THREESOME (RS) и други.

Algiers може да ги проверите следниот викенд во МКЦ!.                                     

 

Comments

comments