Денес (6 ноември), со почеток во 20.00 часот, во МОБ ќе се оддржи Метаморфоза, современ балетски перформанс.

После овогодинешната летна премиера, Метаморфоза повторно на сцената на МОБ.

Метаморфоза е концепт и кореографија на Ивана Коцевска, музика на Филип Глас и Иван Пенов и на пијано Дино Имери, костимографија на Милена Атанасова, фотографија/дизајн на Сашо Алушевски и во улога на танчери се појавуваат: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев и Ивана Коцевска.

 

 

За идејата и поттикот да се реализира овој проект, креаторот на Метаморфоза, Ивана Коцевска изјавува: „Поттик за идејата на овој проект пред сѐ ми беше личниот процес на трансформација, надворешна и внатрешна, но и влијанието и формите низ кои моето тело поминало преку изведба на голем број кореографски дела и соработка со голем број на кореографи. Во самата претстава има одредени препознатливи движења кои ми оставиле впечаток од тие соработки и се еден вид на трибјут на дел од кореографите кои ми биле инспирација да креирам и го развивам сопствениот кореографски вокабулар.“

Инаку ова е прва голема претстава на Ивана Коцецска која позади себе има неколку проекти меѓу кои се „Тест за гравитација“ 2007 година , „Шпајз“, перформанс за двајца 2011 година и „Танго“ дует за нејзиниот дипломски концерт.

Билети на Купи Карти За Се.

 

 

Comments

comments